Чешмедере или Чешме Дере — историско село во Тиквешијата, чие земјиште денес е во атарот на Јаношево, Општина Неготино.
Географија Селото било сместено во областа Сландол северно од Јаношево.
Историја Во XIX век Чешмедере било турско село в Штипската Каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Чешме Дере имало 80 жители Турци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 232.
Родови Чешмедере било турско село.
Според истражувањата од 1920-1924, родови во селото:
Доселеници: Дилберлерден (5 к.) и Мендолер (5 к.) стари доселеници од Турција, по потекло Јуруци.
Иселеништво Селото е раселено, а Турците се иселени во Турција.
Поврзано Сландол Кара Синанли
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Историски села во Македонија † †