Барва – комплекс од андезитски стратовулкани во Костарика, 22 km северно од Сан Хосе во провинцијата Хередија. На источната страна на планината во вулканскиот кратер е формирано езеро наречено Лагуна де Барва, а на западната страна на врвот има три брда кои се наречени Трите Марии (Las Tres Marías).
Барва има неколку избувни центри на нејзиниот врв и дост паразитски конуси на боковите. Нејзините три главни врва кои се гледаат од централната долина ѝ го дале локалното име Las Tres Marías.
Четири пирокластични конуси се наоѓаат во калдерата со димензии 2 x 3 км во централниот и северозападниот дел од врвот. Југозападниот врв има четири конуси од кои еден има кратерско езеро.
Последен потврдена еруптивна активност на вулканот Барва датира од пред 8.050 години. Имало тврдење за избуви во 1760-тите и во 1867 година, но истражувањата на локацијата не пронашле докази за потврда на овие тврдења.
Наводи
Литература Costa Rican National Seismolgical Network: Barva ()
Категорија:Вулкани во Костарика Категорија:Стратовулкани Категорија:Стратовулкани во Костарика Категорија:Планини во Костарика Категорија:Сложени вулкани