мини|десно|Риолит

. Риолит — кисели магматски карпи со порфирска структура и масивна до флуидална текстура. Основната маса им е најчесто делумно стаклеста, но понекогаш може да биде и целосно амофна. Бојата на риолитите е главно светлосива. Кога риолитската лава многу брзо оцврснува, може да се оформи карпа наречена обсидијан. Оваа карпа има стаклест изглед со темна до црна боја, со школкест прелом и многу остри рабови. При нагло ладење на риолитската лава богата со гасови и пареи, се создава многу порозна карпа која се нарекува лебденик. Оваа карпа е со меѓусебно неповрзани пори, така што има зафатнинска тежина, која е помала од водата (околу=γ 9.5 kN/m3), поради што лебди во неа. Во Македонија го има на Кожуф.

Состав

По минералошки состав се еквивалентни на гранитите, односно изградени се од санидин, плагиокласи, кварц, биотит, хорнблендаГеолошка терминологија и номенклатура IV петрологија, Београд, 1975. Бојата на риолитите е главно светлосива, имаат најчесто делумно стаклеста основна маса и поситни фенокристали. Зависно од составот се јавуваат повеќе вариетети од кои најважни се: лебденик, обсидијан, перлит, пехштајн (вулкански стакла).

Распространетост

Во Македонија се слабо застапени. Застапени се главно во околината на Крива Паланка и Струмица..

Риолитот е пронајден на острови далеку од копно, но таквите океански појави се реткиThe Illustrated Encyclopedia of Rocks of the World by John Farndon, page 54.

Наводи

Надворешни врски

University of North Dakota description of rhyolite Information from rocks-rock.com

Категорија:Вулкански карпи Категорија:Вулканологија Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ