Драгомирово — историско село во Струмичко, денес на територијата на Општина Босилово, недалеку од Струмица.

Географија Селото се наоѓало во Струмичкото Поле на патот Струмица - Берово, меѓу селата Дабиље и Петралинци.„Борбите в Македония - Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, 2005 г., стр. 145, ISBN 9549514560 Низ местото поминува реката Турија, околу 1,5 км од нејзината растока со р. Азмак.

Пподрачјето на некогашното село денес е во атарот на с. Босилово.

Историја Во XIX век Драгомирово било мало село во Струмичката Каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. Драгомирово (Dragomirovo) се води како село со 20 домаќинства и население од 71 Македонец.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 188-189 Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото имало 195 жители Македонци христијани.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 160.

На почетокот на XX век жителите на селото потпаднале под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Драгомирово (Dragomirovo) имало 160 Македонци и 12 Роми. Имало училиште со 1 учител и 12 ученици.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 106-107.

Личности Родени во Драгомирово Васил Драгомиров (1881-1969) — револуционер

Поврзано Струмичко Поле

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Историски села во Македонија † †