Селиште — археолошко наоѓалиште во прилепското село Беловодица. Претставува некропола од римско време. Во најновите истражувања покрај некрополата е откриено дека на наоѓалиштето има остатоци од ранохристијанска црква.
Местоположба
Наоѓалиштето се наоѓа на околу 2 километри северозападно од селото, на зарамнето плато непосредно крај старата траса на патот Прилеп-Скопје.
Опис
На наоѓалиштето се најдени гробови од мермерни плочи и во нив монети. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Прилеп.
Поврзано Грамадина — некропола од римско време; Турско Гробје — населба од римско време; Беловодица; и Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско.
Наводи
Категорија:Беловодица