Езеро на шампањското (Champagne Pool) — кратерско езеро кое се наоѓа на Северниот Остров во Нов Зеланд. На местото каде што денес се наоѓа езерото имало неверојатно убави бели и розови карпести тераси, но откако еруптирал вулканот Мауна Тарауера, на местото на терасите се појавило блескаво смарагдно-зелено езеро. Топлиот извор од кој денес се затоплува езерото се формирал пред околу 900 години преку хидротермална ерупција, што го прави во геолошка смисла релативно млад систем.
Езерото се наоѓа на 30 километри југоисточно од Роторуа и околу 50 километри североисточно од Таупо. Името Езеро на шампањското е изведено од изобилството на јаглерод диоксид (СО2). Нејзиниот кратер е околу 65 метри во пречник со максимална длабочина од околу 62 метри и се полни со проценета количина од 50.000 метри3 од геотермалната течност. На дното, водата достигнува температура и до 260 °C, додека на површината на езерото се движи меѓу 73 и 75 °C.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Топли извори