Мисти, исто така познат како ПутинаThomas Besom, Of Summits and Sacrifice: An Ethnohistoric Study of Inka Religious Practices, An ethnohistoric study of Inka religious practices, University of Texas press, 2009 или Гуагуа Путина — стратовулкан од андезит, дацит и риолитhttp://gsabulletin.gsapubs.org/content/113/12/1593, кој се наоѓа во јужниот дел на Перу, во близина на градот Арекипа. Со својот сезонски снежен покриен симетричен конус, Мисти се издига на 5,822 метри надморска височина и се наоѓа помеѓу планината Чачани (6,075 метри) и вулканот Пичу Пичу (5,669 метри). Последната ерупција се случила во 1985 година, 198 години по нејзината претходна документирана ерупција .

Опис

Мисти има три концентрични кратери. Активни фумароли или вулкански отвори за гас може да се видат во внатрешниот кратер. Во близина на внатрешниот кратер, шест инкиски мумии и ретки инкиски артефакти биле пронајдени во 1998 година за време на едномесечното ископување во режија на археолозите Јохан Рајнхард и Хосе Антонио Чавес. Овие наоди моментално се чуваат во музејот во Арекипа.

До врвот на вулканот има две главни качувачки линии. Патеката Пасторес започнува на 3.300 метри. Обично кампот е направен на 4.500 метри во Нидо де Агилас. Патеката Агуада Бланка започнува на 4.000 метри во близина на резервоарот Агуада Бланка, а кампот е направен на 4.800 метри во Монте Бланко (кампот е именуван по Монблан, чиј врв е приближно ист според надморската височина). Патеките за искачување не содржат технички потешкотии, но и двете се сметаат за напорни поради стрмните песочни падини.

Околина

Долгата историја на ерупции од Мисти и неговите соседни вулкани предизвикало локалната почва да биде исклучително плодна, со што околината е една од најкорисните во Перу. Месните жители, исто така, прават широка употреба на бела вулканска карпа наречена силар, која е лесно употреблива. Градот Арекипа има значителен број на градби изградени со силар, што резултира со неговиот прекар „Белиот град“.

Галерија

Поврзано Список на вулкани во Перу

Наводи

Литература

Надворешни врски

Категорија:Стратовулкани Категорија:Активни вулкани Категорија:Планини во Перу Категорија:Вулкани во Перу Категорија:Петилјадници