Хилдесхајм (; источнофалечки: Hilmessen; латински: Hildesia) — град во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија со 103.804 жители.
Претставува административно седиште на истоимениот округ, околу 30 километри југоисточно од Хановер на бреговите на реката Инерсте, мала притока на реката Лајне.
Географија Местоположба
мини|десно|300п|Поглед од запад мини|десно|300п|Поглед на Хилдесхајм од запад на 600 метри височина (октомври 2016 г.)
Хилдесхајм се наоѓа на границата на Висорамнините Инерсте и Хилдесхајм Берде главно сместен на десниот брег на реката Инерсте, една од источните притоки на Лајне. Градот се наоѓа северно од Хилдесхајмската Шума и северозападно од Форхолц. На северниот дел се наоѓаат Гизенските Ридови.
Хилдесхајм на север и исток се наоѓа на 15 километри од Хановер и Залцгитер, како и на помалку од 30 километри до Брауншвајг. Оддалеченоста до други големи градови на југ и запад се 50-100 километри (Гетинген во Долна Саксонија, како и Падерборн и Билефелд во Северна Рајна-Вестфалија).
Природни области
Во градското подрачје на Хилдесхајм се наоѓаат седум природни области: Ам ротен Штајне, Финкенберг/Лерхенберг, Галберг, Гизенер Тајхе, Хазедер Буш, Ланге Фрајш и Остерберг и Мастберг и Инерстеауе.
Соседни општини
Следниве општини се граничат со Хилдесхајм почнувајќи на север и сите припаѓаат на округот Хилдесхајм: Харзум, Шелертен, Бад Залцдетфурт, Дикхолцен, Гронау, Нордштемен и Гизен.
Градски единици
Хилдесхајм е поделен на 14 месности: Hauptsatzung (abgerufen am 24. September 2012 um 11:00 Uhr; PDF; 70 kB) Штатмите и Нојштат Мариенбургер Хее со Галгенберг Морицберг со Валдквеле, Годехардикамп и Бокфелд Нордштат со Штојервалд Остштат со Штатфелд како и поранешните општини Ахтум-Упен Бафенштет Дришпенштет Ајнум Химелстир Ицум-Мариенбург Нојхоф/Хилдесхајмер Валд/Мариенроде Охтерзум Зорзум
Припојувања 1911: Морицберг 1912: Штојервалд 1938: Дришпенштет и Нојхоф 1971: Охтерзум 1974: Ахтум-Упен, Бафенштет, Ајнум, Химелстир, Ицум, Мариенбург, Мариенроде и Зорзум
Историја
лево|мини|300п|Историскиот плоштад ноќе
Хилдесхајм, еден од најстарите градови во Северна Германија, станал седиште на Епископското кнежевство Хилдесхајм во 815 година и веројатно бил основан кога епископот се преместил од Елце на преминот на Инерсте, кој бил важен пазар на трговскиот пат. Населбата околу катедралата брзо се развила во град и добила пазарни права од царот Отон III во 983 година.Neigenfind, W.: Unsere schöne Stadt, p.46. Hildesheim 1964. Првично, пазарот бил одржуван на улица наречена „Стар пазар“ (Alter Markt), која постои и денес. Првиот пазар бил одржуван околу црквата „Св. Андреј“. Кога градот дополнително пораснал бил потребен поголем пазар. Денешниот пазар на Хилдесхајм бил поставен на почетокот на век, кога градот имал 5.000 жители. Кога Хилдесхајм добил градски права во 1249 година, бил еден од најголемите градови во Северна Германија.Neigenfind, W.: Unsere schöne Stadt, p.38. Hildesheim 1964. Четири векови со Хилдесхајм владееле свештениците, пред да биде изградското Градското собрание и граѓаните да добијат одредени влијание и независност. Изградбата на денешното Градско собрание започнало во 1268 година.Borck, Heinz-Günther: Der Marktplatz zu Hildesheim, p.24. Hildesheim 1989. Во 1367 година, Хилдесхајм станал член на Ханзата. Војната помеѓу граѓаните и нивниот епископ во периодот 1519-1523 чинело многу. Хилдесхајм станал лутерански во 1542 година и единствено катедралата и неколку други градби останале во царски (католички) раце. Неколку села околу градот останале католички исто така. Во 1813 година, по Наполеоновите војни, градот станал дел од Кралството Хановер, кое било припоено од Кралството Прусија како покраина по Австриско-пруската војна во 1866 година. Во 1868 година биле откриени од пруските војници околу 70 римски сребрени садови за јадење и пиење, т.н. Хилдесхајмско богатство.
Градот бил тешко оштетен од воздушните напади во 1945 година, особено на 22 март. Иако имал мало воено значење, два месеци пред крајот на војната во Европа, историскиот дел на градот бил бомбардиран со цел поткопување на моралот на Германците. Околу 28,5% од домовите биле целосно уништени, додека 44,7% оштетени. Остатокот од домовите биле неоштетени. Центарот кој имал средновековен изглед бил целосно срамнет. Како многу други градови, приоритет бил даден на брзото градење на станбените објекти, со што биле изградени многу бетонски градби. За среќа, поголемиот дел од главните цркви, две од нив заштитени од УНЕСКО, биле повторно изградени во првичниот облик одма по војната. Во текот на војната, вредни материјали и збирки биле скриени во подрумот на градскиот бедем. Во 1978 година бил основан Хилдесхајмскиот универзитет. Во 1980-тите години започнала обнова на стариот дел на градот. Некои од непривлечните бетонски градби околу плоштадот биле срушени и заменети со реплики на првичните градби. Во есента 2007 година била донесена одлука за обнова на Umgestülpter Zuckerhut („свртена грутка шеќер“), иконска фахверк куќа позната по својот необичен облик. Во 2015 година, градот прославил 1200 години постоење.
Население Движење на населението
Најголеми малцинства
Следниов список ги покажува најголемите групи странци во Хилдесхајм (2016 г.):
МестоДржаваНаселение (2016)1 5.3342 7643 4744 4425 2996 2687 2548 243
Религија
Во 1542 година, поголемиот дел од жителите на градот станале лутеранци. Денес, 28,5% од жителите се определуваат како римокатолици, а 38,3% како протестанти. 33,0% од жителите на градот се определени за други религии или пак немаат никаква.
Во градот се наоѓа и седиштето на српската епархија за Франкфурт и цела Германија.
Политика Меѓународни односи
Збратимени градови
Хилдесхајм е збратимен со следниве градови:
Ангулем, Франција, (од 1965 г.) Минја, Египет, (од 1975 г.) Вестор на Мер, Англија, Обединето Кралство (од 1983 г.) Паданг, Индонезија (од 1988 г.) Хале, Германија (од 1990 г.) Геленџик, Русија (од 1992 г.) Норт Сомерсет, Англија, Обединето Кралство (од 1997 г.) Павија, Италија (од 2000 г.)
Список на градоначалници
1803–1843: Георг Ото Фердинанд Лоде 1843–1848: Карл Кристоф Линцел 1848: надгледуван од Оберг, Штарке и Винекен 1848–1852: Амтсасесор Домајер 1853–1875: Паул Јохан Фридрих Бојзен 1876–1895: Густав Штрукман 1895–1896: Ханс Укерт (не бил „градоначалник“) 1896–1909: Густав Штрукман (повторно избран) 1909–1937: Ернст Ерлихер 1945–1946: Ерих Брушке 1946–1950: Албун Хунгер 1950–1952: Фридрих Лекве 1952–1958: Албун Хунгер (повторно избран) 1958–1959: Паул Линке 1959–1964: Мартин Бојкен 1964–1968: Фридрих Немш 1968–1972: Мартин Бојкен (повторно избран) 1972–1975: Фридрих Немш (повторно избран) 1975–1981: Хајко Клинге 1981–1991: Геролд Клемке 1991–2001: Курт Махенс 2001–2005: Улрих Куме 2005–2014: Курт Махенс (повторно избран) 2014–денес: Инго Мајер
Главни знаменитости
мини|300п|десно|Панорама на градот мини|300п|десно|Изглед на градот во век мини|300п|десно|Еснафската куќа на плоштадот мини|300п|десно|Историскиот плоштад со Градското собрание и фонтаната на плоштадот мини|300п|десно|Темпелхаус на плоштадот мини|300п|десно|Божиќен пазар на плоштадот во Хилдесхајм
Историскиот плоштад (Marktplatz) некогаш бил сметан за еден од најубавите плоштади во светот. Бил обновен во периодот 1984-1990 во некогашниот сјај по неговото уништување во март 1945 година при воздушен напад. Најпознати градби на плоштадот се: „Еснафска месарска куќа“ (Knochenhaueramtshaus) — позната како убава и одличен пример на фахверк градба. Првично изградена во 1529 година, а уништена во 1945 година, била обновена во периодот 1987-1989 според првобитните планови. Фасадата е раскошно украсена со сликовити слики и германски изреки. Денес, во градбата се наоѓа ресторан и Градскиот музеј. „Еснафска пекарска куќа“ (Bäckeramtshaus) — фахверк градба првично изградена во 1825 година. Била уништена во 1945 година и повторно обновена во периодот 1987-1989. Денес, во нејзе се наоѓа кафуле. Градското собрание — првично изградено во век во готски стил. Делумно уништено во 1945 година, било повторно изградено и пуштено во употреба во 1954 година. „Темпелхаус“ (Tempelhaus) — граѓанска куќа во доцна готика од век, во која денес е сместено туристичкото биро на градот. Била оштетена во текот на Втората светска војна, но била обновена во 1950 година. „Ведекиндхаус“ (Wedekindhaus) — граѓанска куќа од век со карактеристичните високи катови со прикази на алегорски фигури. „Линцелхаус“ (Lüntzelhaus) — граѓанска куќа во барокен стил изградена во 1755 година. „Роландхаус“ (Rolandhaus) — првично изградена во век во готски стил. Во 1730 година, куќата била променети и биле додадени барокен портал и големи прозорци. „Старата градска кафеана“ (Stadtschänke) — голема фахверк куќа првично изградена во 1666 година. Помалата куќа во близина „Рококохаус“ (Rococcohaus) била изградена во 1730 година во рококо стил. „Еснафска ткајачка куќа“ (Wollenwebergildehaus) — изградена околу 1600 година. Романескната Хилдесхајмска катедрала — изградена во век, но скоро целосно уништена во 1945 година; била повторно обновена по војната. На списокот на светско културно наследство на УНЕСКО се наоѓа од 1985 година. „Илјадагодишната роза“ е грмушка на роза стара 1000 години, наводно најстара жива роза во светот. Продолжува да цвета на ѕидот на апсидата на катедралата. Музеј на катедралата Црква „Св. Михаил“ — позната рано романескна црква во Германија и уникатен пример на отонска архитектура. Била изградена во периодот 1010 до 1022 година. Црквата е прогласена за светско културно наследство на УНЕСКО. Црква „Св. Андреј“ — црква од век со една од највисоките кули (114,5 метри) во Долна Саксонија. Од врвот на кулата се добива интересен поглед на Хилдесхајм и неговата околина. Спроти црквата се наоѓа познатата фахверк куќа „Свртена шеќерна грутка“ од 1509 година. Музеј Ремер и Пелицеј — со значајни збирки од древен Египет и Перу и спектакуларни изложби секоја година. Црква на Светиот Крст — првично дел од средновековните бедеми, подоцна претворена во црква (околу 1079 г.), сериозно оштетена во 1945 година и повторно изградена по војната. Црква „Св. Годехард“ — романескна базилика изградена во периодот 1133-1172, за која е поднесено барање за светско културно наследство на УНЕСКО. Постојат неколку значајни градби спроти црквата: капела „Св. Никола“, поранешна парохиска црква во романескна архитектура од век и претворена во станбена градба во 1803 година и „Болницата на петте рани“, која е голема фахверк куќа од 1770 година. Црква „Св. Ламберти“ — градба во доцна готика, место за концерти. Кула „Кервидер“ (Kehrwiederturm) — изградена околу 1300 година, единствена преостаната кула од средновековните бедеми. Фахверк куќи кои не биле уништени во текот на Втората светска војна може да се најдат околу црквата „Св. Годехард“ и кулата „Кервидер“, во улиците Кеслер, Кнолен, Гелбер Штерн, Ам Кервидер, Лапенберг, Брил, Хинтерер Брил и Годехардсплац. Некои од нив имаат убави дрвени резби на нивните фасади. Црква „Св Јаков“ — 500 години стара црква. Споменик за синагогата (осветена во 1849 и уништена во 1938 во текот на Кристалната ноќ) — изграден во 1988 година во стариот еврејски четврт на улицата Лапенберг, една од најубавите улици во Хилдесхајм. Основите биле обновени за да се даде идеја колкава била синагогата. Црвена тулна градба спроти синагогата израдена во 1840 година било еврејско училиште. Црква „Св. Мавритиј“ — романескна црква ( век на рид во западниот дел на град во четвртот Морицберг со убави конаци. Внатрешноста на црквата е барокна и била додадена кула во 1765 година. Од шумата зад црквата има убав поглед на Хилдесхајм со многуте цркви.