Меланом, исто така познат како злоќуден меланом, е рак кој се развива од клетките кои содржат пигмент познати како меланоцити. Меланомите обично се појавуваат на кожата, но ретко може да се појават и на устата, цревата или окото. Кај жените најчесто се појавуваат на нозете, додека кај мажите на грбот. Некогаш се развива од бенка кај која настануваат промени како зголемување, гранична неправилност, промена во бојата, чешање или појава на чири.
Со третман стапката на петгодишно преживување во САД е 98% кај оние со локализирана болест и 17% кај лица кај кои настанала дисеминација.
Наводи
Категорија:Неоплазми