Водачи Претседател - Ѓорге Иванов Премиер Зоран Заев Претседател на Собранието Талат Џафери

Настани јануари

11 јануари - Собранието на Македонија го усвои Законот за употреба на јазиците, кој предвидува во сите органи на државната власт, покрај македонскиот јазик и неговата азбука, официјален јазик да биде и јазикот кој го зборуваат 20 отсто од граѓаните во земјата и неговата азбука, што во случајот е албанскиот јазик. Претседателот на земјата одби да го потпише Законот, со образложение дека е противуставен, но потоа на 14 март овој Закон беше повторно изгласан во Собранието на Македонија. 12 јануари - Избран новиот Извршен Комитет на ВМРО-ДПМНЕ. 15 јануари - Македонија го ратификуваше договорот со Бугарија. 17 јануари - Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ја одржа првата седница. 17 јануари - Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг пристигна во Скопје. 17 јануари - Претседателот Иванов не го потпиша указот за Законот за јазиците. 18 јануари - Средба на медијаторот Нимиц во Њујорк со македонскиот и грчкиот преговарач. 18 јануари - Бугарскиот парламент едногласно го ратификуваше договорот за добрососедство со Македонија. 19 јануари - Пснована е политичката организација СеМакедонски Национален Совет „Македониум“. 18 јануари - Ограбена црквата „Св. Атанасиј“ во Фалише. 20 јануари - Изјава на грчкиот премиер: „Македонска нација никогаш не постоела во античко време“. 21 јануари - Протести во Солун за заштита на името Македонија од Грција. 23 јануари - Министерот за надворешни работи, Никола Димитров на средба со Могерини во Брисел. 24 јануари - Почна судењето за случајот „ТНТ“ за уривањето на „Космос“ обвинетите Груевски и Јанакиески се изјаснија за невини. 24 јануари - Средба на премиерот Заев со грчкиот премиер Алексис Ципрас во Давос, Швајцарија во врска со прашањето на името. Заев најави промена на името на аеродромот и автопатот. 25 јануари - Мајка и четири малолетни деца изгореа во пожар во Тетово. 25 јануари - Средба на премиерот Заев со српскиот премиер Александар Вучиќ и со бугарскиот премиер Бојко Борисов во Давос, Швајцарија. 26 јануари - Игор Дурловски пуштен во куќен притвор. 26 јануари - ВМРО-ДПМНЕ поднесе десетици илјади амандмани на законот за албанскиот јазик. 27 јануари - На Цареви Кули пронајдена мермерна плоча со старословенско кирилско писмо. 27 јануари - Левица му го замрзна членството на Бранимир Јовановиќ 27 јануари - Протест во Берлин за одбрана на уставното име и идентитетот 27 јануари - Координација на државно-политичкиот врв по предлогот на Нимиц и средбата Заев-Ципрас. 27 јануари - Ограбена црквата „Св. Атанасиј“ во Фалише по вторпат за само неколку дена. 27 јануари - На Цареви Кули пронајдена мермерна плоча со старословенско кирилско писмо.

февруари

1 февруари - Посредникот на Обединетите нации (ОН) во разговорите за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, во текот на неговата посета на Македонија нагласи дека би било трагедија за регионот доколку не се постигне решение за ова прашање. 17 февруари - Со различни активности, меѓу кои и концертот на светската пејачка со потекло од Косово, Рита Ора, Косово ја одбележа 10. годишнина од својата независност. 25 февруари - Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, ја посети Македонија, при што изјави дека оваа земја е на добар пат по кој треба да продолжи и понатаму за да може да ја добие потребната препорака од страна на Европската комисија. 25 февруари - основана е политичката партија „Глас за Македонија“.

март

12 март - Претседавачот со Советот на министри на Босна и Херцеговина (БиХ), Денис Звиздиќ, ја посети Македонија, каде што со премиерот на Македонија, Зоран Заев, се согласи на граѓаните на Македонија и БиХ да им се олесни движењето во преминувањето на границите во двете земји само со лични карти. 13 март - Помошник-државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Вес Мичел, ја посети Македонија, а по средбата со премиерот Зоран Заев рече дека американската администрација е вклучена и ќе се вклучи уште повеќе во спорот за името кој го имаат Македонија и Грција, но дека договорот треба да биде резултат на усогласување меѓу Скопје и Атина. 23 март - Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, по средбата во Скопје со неговиот македонски колега Никола Димитров, осврнувајќи се на спорот за името меѓу двете земји, истакна дека тоа ќе биде едно праведно и точно решение, кое ќе ги земе предвид интересите на двете страни. 25 март - основана е политичката партија „Граѓанско демократска унија“. 26 март - Министерството за надворешни работи на Македонија донесе одлука за протерување на еден руски дипломат, во знак на солидарност со Обединетото Кралство и партнерите на земјата во НАТО и ЕУ, кои исто така протераа руски дипломати од нивните земји, по случајот со труење на поранешниот руски агент Сергеј Скрипал во Солсбери, Англија, случај за кој Лондон ја обвини Русија, тврдејќи дека е користен нервниот агенс новичок, којшто советските сили го користеле во Втората светска војна. 26 март - Косовската полиција ангажираше надлежни полициски единици за спречување на посетата на Косово на српските функционери Александар Вулин и Марко Ѓуриќ, бидејќи Министерството за надворешни работи на Косово не им даде дозвола за нивната посета. Потоа, косовската полиција во Северна Митровица го приведе шефот на таканаречената Канцеларија за Косово, Марко Ѓуриќ, кого откако го пренесоа во полициска станица во Приштина, го отстранија од територијата на Косово.

април

14 април - Турската Фондација „Маариф“, со купување на приватното училиште „Woodrow Willson School“, ги започна своите активности во Македонија, и со тоа статусот на правно лице го доби во шест земји на Балканот. 18 април - Еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување, Јоханес Хан, на премиерот на Македонија, Зоран Заев, му го врачи извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија во нејзиниот пат за интеграција, при што нагласи дека Македонија ја заслужила безусловната препорака. Во истиот ден, земјата ја посети и високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на Европската Унија (ЕУ), а воедно и потпретседателка на Европската комисија, Федерика Могерини, која го поздрави прогресот на Македонија. 27 април - Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, ја посети Македонија во рамки на средбата на лидерите на земјите од процесот Брдо - Бриони (Хрватска, Словенија, Македонија, Албанија, Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина), чиј домаќин за оваа година беше претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов. 30 април - Албанија и Грција во Тирана официјално ги започнаа преговорите за отворените прашања меѓу двете земји, фокусирајќи се во преговорите за границите во поморските зони. Двете земји во април го одржаа првиот круг на преговорите околу ова прашање.

мај

2 мај - Собранието на Република Македонија по предлог на Министерството за образование и наука го донесен долгонајавуваниот нов Закон за високо образование (ЗВО). Со него беа воспоставени неколку нови универзитетски тела, а требаше да биде лек и за проблемите со студентското организирање. 17 мај - По повод 25. годишнина од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Македонија и Велика Британија, британската премиерка Тереза Меј ја посети Македонија, каде што беше пречекана на средба од страна на нејзиниот македонски колега Зоран Заев.

јуни 12 јуни - Премиерот на Македонија, Зоран Заев, на прес-конференција во Владата на Македонија, во присуство на сите владини министри, истакна дека „Република Северна Македонија“ е постигнатото решение околу спорот за името со Грција, бидејќи пред тоа предлогот „Република Илинденска Македонија“ не постигнал компромис со грчката страна. 17 јуни - во селото Нивици, Егејска Македонија, бил потпишан Преспанскиот договор од шефовите на дипломатијата на Македонија, Никола Димитров и Грција, Никос Коѕијас за решавање на спорот околу името „Македонија“ помеѓу двете земји. 24 јуни - Претседателот на Косово, Хашим Тачи и неговиот српски колега Александар Вучиќ, ја реализираа првата средба од конечната фаза на процесот на дијалог во Брисел со посредство и водство на високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини.

јули

12 јули - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во Брисел официјално му ја врачи поканата на премиерот на Македонија, Зоран Заев, за започнување на преговорите за членство во Алијансата. 30 јули - Собранието на Република Македонија донесе одлука за одржување референдум за името на 30 септември 2018 година, со прашањето „Дали сте за ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот меѓу Македонија и Грција?“

август

2 август - Претседателот на Косово, Хашим Тачи, најави можна исправка на границата меѓу Косово и Србија, и укажа на можноста Прешевската Долина да му се приклучи на Косово. 27 август - Премиерите на некои земји од регионот се сретнаа на неформална средба во Драч на тема „Интеграција на регионалната економија“, а во фокусот на разговорите беа и прашањата во врска со европската интеграција на земјите од Западен Балкан. 31 август - Парламентарното мнозинство со мотото „Заедно ЗА европска Македонија“ официјално ја започна кампањата за референдумот на 30 септември околу Договорот на оваа земја со Грција, во чиј тек важни меѓународни лидери, вклучувајќи го и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, германската канцеларка Ангела Меркел, австрискиот канцелар Себастијан Курц, високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини, како и американскиот министер за одбрана, Џим Матис, ја посетија Македонија и упатија апел до граѓаните да излезат за поддршка на референдумот.

септември 2 септември - Премиерот на Македонија, Зоран Заев и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на граничниот премин Табановце - Прешево најавија спроведување на проектот за интегрирано гранично управување „One Stop Shop“. 8 септември - Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, реализираше дводневна посета на Косово, во чии рамки го посети езерото Газивода и четирите општини во северниот дел на Косово во кои населението е со мнозинство Срби. 30 септември - Референдум во Македонија за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција.

октомври

20 октомври - Со двотретинско мнозинство пратениците во Собранието на Македонија го усвоија предлогот за пристап кон уставните измени во Република Македонија, при што две третини, односно 80 пратеници гласаа „за“, додека 39 беа „против“. Предлогот содржи неколку точки, вклучувајќи го и додавањето на придавката „Северна“ во постоечкото име на Македонија, измени во преамбулата на Уставот, гаранција за територијалните граници на Македонија, како и грижа за граѓаните на Македонија во дијаспората и пошироко.

ноември

13 ноември - Поранешниот премиер на Република Македонија, Никола Груевски, на кого на 23 мај му беше изречена затворска казна од 2 години за снабдување на еден луксузен автомобил во вредност од околу 570 илјади евра, а требаше да се јави за издржување на казната, на својот профил на Фејсбук соопшти дека се наоѓа во Будимпешта, и дека побарал политички азил од унгарските власти, случај кој потоа го потврди и Министерството за внатрешни работи на Македонија. Еден ден по неговата објава на Фејсбук, македонската полиција издаде меѓународна потерница и побара негова екстрадиција. Груевски потоа, на 20 ноември, исто така преку Фејсбук соопшти дека Унгарија позитивно му одговорила на неговото барање за азил.

декември

18 декември - Собранието на Република Македонија го усвои Законот за амнестија за настаните од 27 април од минатата година во Собранието, каде што како резултат на насилството на илјадници демонстранти, кои присилно влегоа во дворот на Собранието, беа погодени околу 100 лица, меѓу кои пратеници, полицајци и медиумски работници.

Култура Музика Филм и телевизија Згради и градби Останато Спорт Фудбал Ракомет Репрезентација