Ајме () — слободна општина во округот Хилдесхајм, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.
Општината поседува пазарно право и со тоа има некои одлики на град, но официјално не ги добила градските права. Сепак, означена е како „флекен“ (Flecken), мала населба со локално значење.
Географија Местоположба
Ајме се наоѓа во Лајнското Средногорје, источно од Природниот парк Ридски крај Везер Шаумбург-Хамелн. Се наоѓа југозападно од Елце и западно од Гронау.
Општински единици
Општина е составена од следниве населени места:
Ајме Дајлмисен Дајнзен Дунзен Хајнзен
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница
Категорија:Хилдесхајм (округ)