Миодраг Јевремовиќ, попознат како Мики Јевремовиќ (), (, — , ) - српски и југословенски пејач на забавна музика.Порекло/Мики Јевремовић
Кариера Во 1960-тите и 1970-тите години бил многу популарен во бившата СФРЈ. Учествувал на тогашните фестивали: „Ваш шлагер на сезоната“ („Ваш шлагер сезоне“ (Сарајево)), „Белградска пролет“ („Београдско пролеће“), „Загрепски фестивал“ („Загребачки фестивал“), „Опатиски фестивал“ („Опатијски фестивал“) и „Сплитски фестивал“. Во 1990-тите години учествувал на летните фестивали во Црна Гора. Во 1975 и 1976 година настапил на фестивалот Скопје (Бела хризантема, А брегот нема крај), а во 1986 година настапил на фестивалот Макфест (Бакни ме, залуди ме).
Соработувал со многу композитори во земјата и странство ( Борис Бизетиќ, Микис Теодоракис и др.).
Во седумдесеттите години на XX век, покрај Ѓорѓе Марјановиќ и Радмила Караклајиќ, бил многу популарен во Советскиот Сојуз.
На 29 декември 2016 година доживеал мозочен удар. Наредните две недели бил во кома. Починал на 13 јануари 2017 година.
Погребан е во Алеја на заслужните граѓани на Новите гробишта во Белград.Мики сахрањен уз „А сад адио” („Вечерње новости”, 19. јануар 2017)
Шах Покрај музиката, голема љубов му бил шахот, па учествувал на повеќе турнири во земјата и во странство. Најголем успех му бил реми со светскиот првак Анатолиј Карпов.Преминуо Мики Јевремовић („Политика”, 13. јануар 2017)Јевремовић — обожаван од публике и цењен од колега („Политика”, 14. јануар 2017)
Најпознати песни Мама Пијам (Пијем) Осумнаесет жолти ружи (Осамнаест жутих ружа) Ако некогаш ја видиш Марија (Ако једном видиш Марију) Со кого си кога времето е тажно (С ким си сада кад је тужно време) Поетовата гитара (Песникова гитара) Гркинка (Гркиња) Лихнида, (препев од истоимената песна од Ефто Пупиновски) Нека точат старо вино (Нека точе старо вино) Црн куфер и гитара (Црни кофер и гитара) Нарцисите плачат, љубов моја (Нарциси плачу љубави) Црвено вино Што да му кажам (Шта да му кажем) Те губам (Губим те) Кога би знаел дека е сама (Кад бих знао да је сама) Мојот мал бел пес и јас (Мој мали бели пас и ја) Те сакам повеќе од музика (Волим те више од музике) Сама Музиката нека свири само за неа (Музика нек свира само за њу)
Најпознати албуми Сакам само малку мир (Ја желим само мало мира) (Југотон 1973) Те губам (Губим те) (Југотон 1974) Црн кофер и гитара (Црни кофер и гитара) (Југотон 1977) Гркинка (Гркиња) (ПГП РТБ 1983) Јована (ПГП РТБ 1984) Ти си како скапоцен камен (Ти си као драги камен), Романела (ПГП РТБ 1985)
Наводи
Надворешни врски
Певач Мики Јевремовић лакше повређен („Блиц“, 12. новембар 2011) Мики Јевремовић: Концерт за пола века каријере („Вечерње новости“, 5. новембар 2012) Од несуђеног машинца до машине за хитове („Вечерње новости“, 17 август 2013) Последњи Мохиканац („Вечерње новости”, 16јануари 2017) Јачи и од руске зиме („Вечерње новости”, 17јануари 2017) Преживео популарност („Вечерње новости”, 18јануари 2017) Моје боемске ноћи („Вечерње новости”, 19јануари 2017)
Категорија:Српски пејачи Категорија:Српски музичари Категорија:Југословенски пејачи Категорија:Југословенски музичари Категорија:Погребани во Алејата на заслужните граѓани на Новите гробишта (Белград)