Овен — кована пара за колекционерски цели на Народната банка на Република Македонија, дел од серијата за ковани пари „Хороскопски знаци“. Нејзината номинална вредност е 10 денари, а цената 2,700 денари. Одлуката за издавање на парата била донесена во 2015 година.

Опис Лице На лицето од парата е прикажана украсна композиција како симбол на времето, врз основа на Сонцето, Месечината и ѕвездите коишто го опкружуваат песочниот часовник. Сонцето е насликано со злато на вметнато, сино, тркалезно кобалтно стакленце. Прикажан е Грбот на Република Македонија, симболите на осумте планети од Сончевиот Систем, натписите: „Република Македонија“ и „10 денари“ на македонски јазик, како и годината на издавање „2015“ и ознаката „Ag925“.

Опачина На опачината од парата е прикажана слика на глава на овен. Рогот на овенот го опкружува вметнатото кобалтно стакленце на коешто е насликано соѕвездието на хороскопскиот знак Овен. На долниот дел се прикажани симболот на хороскопскиот знак „Овен“ отпечатен на ѕвоно и името на хороскопскиот знак на латински јазик. Одредени елементи на релјефот се насликани со злато.

Поврзано Овен (соѕвездие) Овен (хороскопски знак)

Наводи

Категорија:Ковани пари за колекционерски цели на НБРМ