Вљубени жени (англиски: Women in Love) — роман на британскиот писател Дејвид Херберт Лоренс од 1920 година.

Содржина Во романот се опишани бурните љубовни случки на сестрите Урсула и Гудрун Брангвен. Тие се модерни жени, смели и со бурна природа, кои се впуштаат во страсни врски со двајца многу различни мажи.Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 17.

Осврт кон романот „Вљубени жение“ е еден од најзначајните дела на Д. Х. Лоренс, а самиот автор го сметал за свое ремек-дело. Во времето кога бил објавен, романот бил проследен со контроверзни критики поради отворените, сликовити описи на сексуалноста и обработката на други смели теми. Нудејќи нов поглед на модерниот живот, романот го носи духот на новото време, ослободено од стегите на конзервативното минато. Романот ги истражува негативните ефекти на индустријализацијата врз човековата психа, откривајќи дека поединечното и колективното „повторно раѓање“ е можно само преку упорност, љубов и страст.Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 9.

Наводи

Категорија:Дела на Д. Х. Лоренс Категорија:Изданија на Магор Категорија:Британски романи Категорија:Книги од 1920 година