Јарец — кована пара за колекционерски цели издадена од страна на Народната банка на Република Македонија во 2018 година.

Опис Лице На лицето, во средишниот дел на монетата се прикажани четири атласа кои го држат небото и круг со симболите на сите хороскопски знаци. На вметнато кобалтно стакленце е претставена слика на северното небо со ѕвездата Северница во средината, опкружена со соѕвездието Јарец. Во долниот дел е претставен цртеж на Сончевиот Систем. Во позадината е прикажан дел од картата на небото. Во долниот дел од лицето на парата е прикажан Грбот на Република Македонија и годината на издавање на монетата - „2018“. Исто така, прикажани се и натписите на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“.

Опачина На опачината, во горниот дел од монетата е претставена слика на ѕвездениот атлас Firmamentum Sobiescianum, создаден од Јоханес Хевелиј на крајот на 17 век, со слика на соѕвездието Јарец на вметнато кобалтно стакленце и симболот на хороскопскиот знак Јарец во горниот дел од монетата. Во долниот дел е претставена слика на козорог (наречен и дивокоза) на позадина на цртеж на кој е претставен Сончевиот Систем. На левата страна е прикажано латинското име на хороскопскиот знак - CAPRICORNUS, а на десната страна ознаката „Ag925“.

Поврзано Јарец (соѕвездие) Јарец (хороскопски знак)

Наводи

Категорија:Ковани пари за колекционерски цели на НБРМ