Камиј Гијом Бигурдан (; – ) — француски астроном.
Роден е во Систел, Тарн и Гарона во семејството на Пјер Бигурдан и Жана Кариер. Во 1877 г. е назначен од Феликс Тисеран како помошик-астроном на Тулуската опсерваторија, а во 1879 г. се вработил во Париската опсерваторија кога Тисеран станал нејзин директор.
Долги години бил посветен на проверката во положбата на 6380 маглини. Сакал да постави основи во идното изучување на сопственото движење на маглините, но се испоставило дека ова е бесцелно, бидејќи маглините не покажуваат сопствено движење. Сепак, Бигурдан притоа открил 500 нови објекти.
Во 1902 г. учествувал во потфатот за уточнување на надолжната разлика меѓу Лондон и Париз. Во 1903 г. стапил во Бирото за должини, а во 1904 г. станал член на Француската академија на науките.
Утврдил метод за нагодување на екваторскиот држач на телескопите, денес наречен Бигурданов метод.
Ја освоил Лаландовата награда на Француската академија на науките (двапати, 1883 и 1891 г.), Валзовата награда на истата установа во 1886 г., и Златниот медал на Кралското астрономско друштво во 1919 г. Директорувал во Меѓународното часовно биро од 1919 до 1928 г. Во 1919 г. ја добил наградата „Жил Жансен“ — највисокото одликување на Астрономското друштво на Франција.
Се оженил со ќерката на астрономот Амедеј Муше (1821-1892).
Поврзано 390 Алма — астероид откриен од Бигурдан во 1894 г.
Наводи
Литература
Надворешни врски
Г. Бигурдан — Астрофизички податотечен систем
Категорија:Француски астрономи Категорија:Откривачи на астероиди Категорија:Членови на Француската академија на науките Категорија:Носители на Златниот медал од Кралското астрономско друштво Категорија:Луѓе од Тарн и Гарона Категорија:Добитници на Лаландовата награда Категорија:Починати во Париз