Превозно средство (или сообраќајно средство) е општ поим за разните видови на транспорт за превоз на луѓе и товар.

Кога при едно патување се користи повеќе од едно превозно средство, патувањето нарекува „повеќеначинско“ (или „мултимодално“).

Компоненти на превозот Превозот се состои од следниве компоненти:

Сообраќајна инфраструктура: маршрути, мрежи, јазли (станици, терминали) и сл. Возила и контејнери: камиони, вагони, бродови, летала и возови. Подвижна или неподвижна работна сила Погонски систем и напојување (влеча) Операции: возење, менаџмент, сообраќајни ознаки, железничка сигнализација, контрола на воздушен сообраќај и др.

Примери за превозни средства

Животински придвижуван превоз Воздухопловство Летало Дирижабл Балон (воздухоплов) Човечки придвижуван превоз Велосипедист (Велосипедизам) Пешак (одење) Бродски транспорт Чамец Брод Подморница Железнички транспорт Метро Трамвај Воз Кабловска кола (железничка) Фуникулар Патен транспорт Автобус Автомобил Мотоцикл Камион Туктук Други Кабловска кола Ескалатор Лифт Автоматски превозен систем Вселенско летало

Светска споредба на најважните превозни исредства

На ниво на цалиот свет најкористено превозно средство е Автомобилот (16,000 милијарди патнички km), по што доаѓа Автобусот (7,000), Возд. сообраќај (2,800), Железница (1,900) и градски железници (250) .

Најкористениот начин на превоз на товар (стока) е преку Море (40,000 милијарди тони km), по што доаѓа сувоземниот Пат (7,000), Железницата (6,500), Нафтоводи (2,000) и Речен сообраќај (1,500) .

ЕУ 15 САД Јапонија Цел свет

БДП по глава на жител (€) 19,000 28,600 22,300 5,500

Патнички km по глава на жител

Приватен автомобил 10,100 22,700 6,200 2,700

Автобус 1,050 870 740 1,200

Железница 750 78 2,900 320

Воздушен (домашен освен Цел свет) 860 2,800 580 480

Поврзано Двоначински транзит Меѓуначински превоз Клучка Транспортна мрежа

Категорија:Статии за широки поими