Валид Азару, исто така познат како Азаро (роден на 11 јуни 1995 во Аит Мелул) - марокански фудбалер, напаѓач на Ал-Итифак на заем од Ал Ахли и на мароканската репрезентација.
Технички одлики Азаро е централен напаѓач, ефикасен во играта во воздухот агилен во движењата и физички моќен. Често склон да се жртвува во фазата без посед на топка, има тенденција да се враќа за да може да го притисне противничкиот изнесувач на топката.
Клупска кариера Азару ја започнал својата кариера во екипата на Дифаа Ел Жадида во која дебитирал како професионалец во 2015 година. По две сезони во Дифаа во кои одиграл преку 60 натпревари во сите натпреварувања и постигнал 21 гол, во 2017 година тој се преселил во египетскиот гигант Ал Ахли за 1.4 милиони долари, потпишувајќи четиригодишен договор за плата од 300.000 долари - која може максимално да се искачи до 450.000 долари - по сезона.
Иако првично бил на удар на разни критики правејќи некои невероватни промашувања пред противничкиот гол, сепак тој успел да ја врати довербата на тренерот Ел-Бадри постигнувајќи хет-трик на 22 октомври против Етуал ду Сахел, помагајќи им на своите соиграчи да го поништат поразот од првиот натпревар и да изборат пласман во финалето на Лигата на шампионите, во кое сепак последователно загубиле од Видад Казабланка.
На 8 јануари постигнал еден од трите гола за Ал Ахли во победата со 3-0 на гости против Замалек во Дербито на Каиро. На 12 јануари 2018, Азару го постигнал единствениот гол во Суперкупот на Египет 2017 во 101-вата минута од продолженијата, со кој му донел победа на Ал Ахли над Ал Масри со 1-0. Terrible goalkeeper blunder gifts Ahly Super Cup title with 1-0 win over Masry Неговата прва сезона во клубот ја завршил како најдобар стрелец во Египетската Премиер лига со 18 постигнати голови, поставувајќи рекорд за најмногу постигнати голови од странски играч во првенството, со што ги надминал Флавио Амадо и Џон Утака кој постигнале по 17. Неговите голови исто така му помогнале на Ал Ахли да ја освои 40-тата првенствена титула.
Во јануари 2020, Азару се преселил во екипата на Ал-Итифак од Саудиска Арабија, на шестмесечен заем.
Репрезентативна кариера На 31 октомври 2016 година, селекторот Ерве Ренар одлучил да го повика Азару во репрезентацијата за натпреварот од квалификациите за Светското првенство 2018 против репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска. Сепак, во оваа прилика тој останал целиот натпревар на клупата, како неискористена замена. Своето деби за "Лавовите од Атлас" го направил на 24 март 2017 година против Буркина Фасо во пријателски натпревар, играјќи во завршните неколку минути, на местото на Фајсал Фајр.
Хронологија на репрезентативните настапи
Клупска статистика Статистиката е ажурирана 12 јануари 2018.
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2015-2016 Дифаа Ел Жадида Б1 26 6 КТ 0 0 - - - - - - 26 6 2016-2017 Б1 28 12 КТ 7 3 - - - - - - 35 15Вкупно Дифаа Ел Жадида 54 18 7 3 - - - - 61 21 2017-2018 Ал Ахли ПЛ 28 17 КЕ 0+1 1 КЛШ+АЛШ+КЛШ 6+4+0 4+1+0 СЕ 1 1 27 16Вкупно во кариерата 82 35 8 4 10 5 0 0 88 37
Титули Клупски Ал Ахли Премиер лига на Египет (1) : 2017-2018 Куп на Египет (1) : 2017 Суперкуп на Египет (1) : 2017
Наводи
Надворешни врски
Валид Азару на transfermarkt Валид Азару на soccerway Валид Азару на espn Валид Азару на whoscored
Категорија:Марокански фудбалери Категорија:Фудбалери на Ал Ахли Каиро Категорија:Родени во 1995 година