Липа — хрватска парична единица, стоти дел од една куна

Издадени се само монети и тоа во апоени од 1, 2, 5, 10, 20 и 50 липи. Сите монети на аверсот имаат бројна ознака на вредноста и гранче од липа во цут, додека на реверсот на секоја монета се наоѓа друго растение. Имињата на растенијата во непарните години се испишани на хрватски јазик, а во парните години на латински јазик.

Опис Слика Износ Пречник Маса Состав на легурата Реверс Година на прво издавање 1 липа 17 mm 0,7 g легура од алуминиум и магнезиум пченка 1993 2 липи 19 mm 0,92 g легура од алуминиум и магнезиум винова лоза 1993 5 липи 18 mm 2,5 g челично јадро обложено со легура од бакар и цинк даб лужник 1993 10 липи 20 mm 3,25 g челично јадро обложено со легура од бакар и цинк тутун 1993 20 липи 18,5 mm 2,9 g челично јадро обложено со легура од железо и никел маслина 1993 50 липи 20,5 mm 3,65 g челично јадро обложено со легура од железо и никел велебитска дегенија 1993

Поврзано Хрватска куна

Надворешни врски Katalog suvremenog hrvatskog novca

Категорија:Хрватска Категорија:Валути