Општина Блед () — општина во историскиот регион Горењска, северозападна Словенија. Седиште е популарното туристичко гратче Блед, сместено на бреговите на Бледското Езеро. Денес е дел од Горењскиот статистички регион.
Општината е создадена во октомври 1994 г. Во прво време опфаќала поголем број населени места, но во јуни 2006 г. е намалена на само 38 % од изворната територија со создавањето на Општина Горје.
Населени места Покрај општинското седиште Блед, општината ги опфаќа и следните населени места: Бодешче Бохињска Бела Засип Коритно Купљеник Обрне Рибно Село кај Блед Сламники
Познати личности Родени во Блед Петер Флорјанчич (р. 1919) — пронаоѓач Сара Исаковиќ (р. 1988) — пливачка, олимписки медалист Шпела Претнар (р. 1973) — скијачка, олимпијка
Живееле во Блед Изток Чоп (р. 1972) — веслач, повеќекратен олимписки медалист,http://www.olympic.org/en/content/Olympic-Athletes/All-Athletes/Athletes-CN-to-CZ/-IZTOK-COP-/ роден во Крањ Јулиус фон Пајер (1841-1915) — поларен истражувач, роден во Шанов, Теплице (Чешка) Денис Жвегељ (р. 1972) — веслач, олимписки медалист, роден во Јесенице
Наводи
Надворешни врски
Официјално мрежно место Блед на Geopedia
Блед Блед