Барутница — населба од неолитското време и вила рустика од римското време. Во стручната литература наоѓалиштето е познато и под имињата Амзабегово или Анза. Се наоѓа на околу 2 км јужно од селото, од левата страна на железничката пруга Велес — Кочани, 33,8 км и 34,5 км, односно, наоколу 2 км јужно од железничката станица „Овче Полe“ или околу 700 метри јужно од автопатот Велес — Штип. Теренот претставува блага терасеста падина со површина од 500 метри во источниот дел на запад 250-300 метри во правец на север-југ, која е краен дел од гребенот што се спушта кон масивот Ѓуриште.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069Алексова Б., Средновековни наоѓалишта во Полозите, Гласник на Институтот за национална Историја, III-1, Скопје 1959
Истражувања Објекти за живеење и други недвижни објекти Со ископувањата на екипата југословенски и американски истражувачи биле најдени куќи, култни објекти и јами под кои се разликувале: јами за складирање, за вадење земја за градежни потреби, јами за отпадоци и др.Анзабегово — населба од раниот и средниот неолит во Македонија, Штип 2009, Воислав Санев, стр. 39 Биле откриени 3 куќи, од кои сите биле поставени во правец од северозапад кон југоисток, а еден од американските истражувачи открил ѕид од кал кој бил премногу лошо нарушен за реконструкција. Необично е тоа што во култниот објект не се најдени култни предмети, а во надворешниот дел се најдени кршеници на керамички садови и орнаменти-триаголници обоени со бела боја, поради ова имало несигурност во првичното именување на објектот како култен.Санев, стр. 42 Во вториот култен објект била најдена јама во која имало детски скелет. Било одредено дека скелетот бил закопан, откопан и потоа бил дигнат култниот објект. Но како и во последниот случај немало никакви култни предмети во овој објект, а ниту пак во околината, само биле откриени алати од камен и коска како секира, две спатули и три шила од коска, според што би можело да се заклучи дека називот култен објект не е соодветен.Санев, стр. 43-44 Со пронајдоците биле најдени многу јами, во кои биле најдени: горевина и пепел, темна земја, куќен лепеж, сивкава земја која била помешана со фрагменти на садови и животински коски, веќе спомнатата јама со детски скелет и др. Пронајдени се и 3 огништа.
Погребување и гробови Во истражувањата исто така биле најдени скелети кои било утврдено дека припаѓале на 34 поединци, кои имале разна полова припадност, возраст и крвна група и други разлики меѓу нив. Но во истражувањата отсуствувале податоци како на пример положбата и ореинтацијата на скелетите.<refСанев, стр. 59</ref> Првиот пронајден скелет бил на жена која умрела на возраст од 12-21, со крвна група А која имала многу лошо оштетени коски, вториот пронајден скелет бил во истиот гроб со првиот, но овој скелет бил со многу подобро зачувани коски, исто така припаѓал и овој скелет на жена од крвна група А, но се сметало дека умрела на возраст од 19 до 35 години. Необично било дека и двете скелети биле закопани на ист начин (легнати на лев образ во згрчена) и им фалеле витални коски, особено на првиот, се претпоставува дека двете скелети се блиску поврзани и начинот на кој биле закопани бил дел од некои традиции и обичаи.Санев, стр. 60-61 Третиот скелет, кој бил најден во друг нов гроб, исто така припаѓал на девојка со крвна група А, и била во слична згрчена положба од возраст 4-10 години, и се сметало дека бил закопан во истиот период. Бил пронајден и четврт скелет кој бил во близината на третиот и на кој не биле определени полот, крвната група а ниту возраста.Санев, стр. 61-62 Најголемиот дел на погребаните личности на кои полот можел да се одреди биле женски поединци а и најголем дел на единките со одредена возраст биле под 30 гоидини кога починале. Исто така е важно што од крвни групи А групата била најбројната, но биле присутни и други групи како B и O групата. Сите погребани биле во згрчена положба, а како народ биле вклучени поединците во групата на средоземни народи со сличен пантеон како во Анадолија.Санев, стр. 67
Наводи
Категорија:Амзабегово