Еберхолцен () — село и поранешна општина во округот Хилдесхајм, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Од 1 ноември 2016 година е дел од општината Зибесе.

Историја

Еберхолцен е многу старо село. Првото спомнување на селото, кое првично се нарекувало „Ајлберехолтхузен“ (Eilbereholthusen), било во документ напишан во 1240 година.Hildesheimer Allgemeine Zeitung: p.21, 27 February 2010. Според документот Еберхолец бил подарок за манастирот во соседното село Ешерде.

Знаменитости

Кулата на протестантската црква потекнува од век. Во дворот на црквата се наоѓа средновековен камен гроб. Според легендата припаѓа на „Витезот од Еберхарт“ (Ritter von Eberhardt), витез кој бил истеран и не бил закопан на гробиштата во Еберхолцен.

Во селото се наоѓаат добро зачувани фахверк куќи.

Инфраструктура

За разлика од многу села во Долна Саксонија, Еберхолцен сѐ уште има традиционална селска продавница. Постои и месарница, како и автобуска станица со линии до Хилдесхајм и Алфелд.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Поранешни општини во Долна Саксонија Категорија:Хилдесхајм (округ)