Адам Бременски (; ) — германски средновековен хроничар. Живеел и работел во втората половина од 11 век. Познат е по хрониките Делата на епископот на Хамбуршката црква (Gesta Hammaburgensis ecclesiae pontificum).
Животопис Малку се знае за неговиот живот освен она што самиот го запишал во своите хроники. Се смета дека потекнувал од Мајсен, во Саксонија. Не е познато кога е роден ниту кога починал. Веројатно е роден пред 1050 година, а починал на 12 октомври, но не се знае која година (веројанто во 1081 или 1085 година).
Од неговите хроники се гледа дека бил пријател со голем број автори. Според името што го користел Магистер Адам јасно е дека поминал низ сите нивоа на образование, до највисокиот степен.
Во 1066 или 1067 година Адам бил поканет од епископот Адалберт Хамбуршки да се приклучи кон црквата во Бремен.Remy, Arthur F.J. "Adam of Bremen." The Catholic Encyclopedia. Vol. 1. New York: Robert Appleton Company, 1907. 20 Sept. 2012 Адам бил прифатен во Бремен, и во 1069 година станал директор на катедралното училиште. Набргу потоа започнал да ја пишува историјата на Бремен/Хамбург како и на северните земји од неговата околина.
Неговата позиција и активноста во црквата на Бремен била клучна во здобивањето со информации за историјата и географијата на Северна Германија. Престојот на дворот на данскиот крал Свенд Естридсон му овозможил да најде информации за историјата и географијата на Данска, но и за другите скандинавски земји.
Наводи
Chłopacka Hanna: Adam Bremeński. In: Słownik Starożytności Słowiańskich. Vol. 1. 1961, p. 3-4.
Надворешни врски
Adamus Bremensis: Gesta Hammaburgensis ecclesiae pontificum (Lat.)
Категорија:Германски писатели Категорија:Германски историчари Категорија:Летописци Категорија:Црковни историчари Категорија:Луѓе од Мајсен Категорија:Несигурна година на смрт