мини|Насловната страница на првиот број, објавен на 7 јули 1902 година Балкански гласник (на ; на ) — бил неделен весник кој излегувал во Белград во периодот од 7 јули до 25 август 1902 година. Бил издаван од Стефан Дедов на српски јазик, но воведните страни биле преведувани и на француски јазик.Блаже Ристовски, „Димитрий Чуповский и македонское национальное сознание“ (Димитрија Чуповски и македонското национално сознание), Москва, 1999. Главен уредник на весникот бил Дијамандија Мишајков.

Во првиот број, весникот си ја поставува следната цел: „Да ги воспитува своите сонародници умно, морално, национално и политички и да го изнесува јавно своето мислење за положбата на своите поробени браќа“. Овој весник прв јавно ја афирмирал програмата на македонскиот национален сепаратизам, изјаснувајќи се за: македонска нација, македонски јазик, македонска црква и македонска автономија и станал претходник на Македонското научно - литературно друштво во Санкт Петербург. Вкупно излегле 8 броја. На 25 август 1902 година работата на весникот е забранета и неговите уредници се изгонети од Србија.Македонска енциклопедија, том I, Македонска академија на науките и уметностите, Скопје, 2009.

Наводи

Категорија:Српски весници Категорија:Некогашни весници