Миши Батшуаји-Атунга (роден на 2 октомври 1993 година) — белгиски фудбалер, напаѓач на Ајнтрахт Франкфурт и на белгиската репрезентација.
Својата професионална кариера ја започнал во Стандард Лиjеж во 2011 година, постигнувајќи 44 гола во 120 натпревари во сите натпреварувања. Со 21 гол во сезоната 2013-2014 во белгиската Про лига бил втор најдобар стрелец во првенството, и ја добил наградата за најдобар фудбалер од африканско потекло, што секоја година се доделува во Белгија. Во 2014 година ја продолжил својата кариера во странство потпишувајќи за францускиот Олимпик Марсеј во трансфер вреден 4,5 милиони евра, помагајќи им да стигнат до финалето на Купот на Франција во 2016 година. Во јули 2016 година, бил купен од страна на Челси за 33 милиони евра, и постигнал гол со кој неговиот клуб математички ја осигурал титулата во Премиер лигата во својата деби сезона.
Батшуаји постигнал гол на неговото деби за белгиската репрезентација против Кипар во март 2015 година и оттогаш редовно добивал повик во националниот тим. Својата земја ја претставувал на две Светски првенства во 2018 и 2022 и две Европски во 2016 и 2020.
Титули Челси Премиер лига : 1 2016-2017
Наводи
Надворешни врски Миши Батшуаји на soccerway Миши Батшуаји на transfermarkt Миши Батшуаји на espn Миши Батшуаји на whoscored
Категорија:Родени во 1993 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Белгиски фудбалери Категорија:Фудбалери на Стандард Категорија:Фудбалери на ФК Олимпик Марсеј Категорија:Фудбалери на ФК Челзи Категорија:Фудбалери на ФК Борусија Дортмунд Категорија:Фудбалери на ФК Валенсија Категорија:Фудбалери на ФК Кристал Палас Категорија:Фудбалери на ФК Бешикташ Категорија:Фудбалери на ФК Фенербахче Категорија:Фудбалери на ФК Галатасарај Категорија:Фудбалери на ФК Ајнтрахт Франкфурт Категорија:Фудбалери од Премиер Лига