Ивајло Чочев (роден во Плевен на 18 февруари 1993), е бугарски фудбалер, играч од средниот ред на Палермо и на бугарската репрезентација.
Клупска кариера Почетоци и раните години од кариерата Чочев е роден во Плевен, а својата фудбалска кариера ја започнал во локалниот клуб Спартак Плевен во 1999 година. Во 2008 година тој се преселил во Чавдар Етрополе,Плевенчанинът Ивайло Чочев заби победния гол в мача България - Швеция 1 September 2017, dariknews.bg каде станал профсионалец во сезоната 2010-2011, играјќи 27 натпревари за клубот во бугарската Б група. Следната сезона одиграл 21 натпревар постигнувајќи 6 гола, а во сезоната 2012-2013 на 13 натпревари постигнал 8 гола во првиот дел од сезоната пред да го напушти клубот во зимата 2013.
ЦСКА Софија На 16 јануари 2013, Чочев потпишал за еден од гигантите на бугарскиот фудбал ЦСКА Софија.ЦСКА взима Ивайло Чочев без пари от Чавдар (Етрополе) 13.12.2012, http://sporta.bg Своето деби Чочев го направил во победата со 2–0 на домашен терен над Черноморец Бургас на 10 март 2013. Тој влегол во игра на местото на Игнасио Лорес во 58-мата минута и во последните минути од натпреварот асистирал за вториот гол на ЦСКА кој го постигнал Сержињо.ЦСКА 2:0 Черноморец 10.03.2013, topsport.bgCSKA Sofia - Chernomorets Burgas 2-0 - 10. март 2013 transfermarkt.co.uk Првата сезона во дресот на ЦСКА ја завршил со 10 настапи во лигата и два во купот, без постигнат гол но забележал две асистенции.
Во текот на сезоната 2013-2014, Чочев станал стандарден првотимец и еден од клучните играчи во тимот на тренерот Стојчо Младенов. Својот прв погодок за ЦСКА го постигнал на 17 септември 2013, во победата со 6-2 на домашен терен над Хасково во Купот на Бугарија. Само 6 дена подоцна, тој го постигнал својот прв гол за ЦСКА во бугарската А група, носејќи му победа на својот клуб на домашен терен над Литекс со 1-0.БГ футбол ЦСКА - Литекс 1:0 blitz.bg Само три дена подоцна на, 26 септември 2017, тој ја продолжил својата серија на голови стигајќи до три гола во три последователни натпревари откако го постигнал првиот погодок за ЦСКА во победата со 3-0 на гостувањето кај Љубимец со 3-0. Сезоната ја завршил со вкупно (во првенството и купот) 38 настапи и 9 гола.
Палермо На 11 јули 2014, Чочев се преселил во италијанскиот Палермо во Серија А за сума од 2 милиони евра,CorSport: "Čočev al Palermo, c’è un retroscena" Mediagol.it потпишувајќи три годишен договор.Acquistato Chochev dal CSKA Sofia Palermocalcio.it Тој станал првиот бугарин во историјата на сицилијанската екипа. Своето деби за популарните Росанеро во италијанската лига го направил на 5 октомври, во поразот со 3-0 од Емполи во шестото коло од сезоната 2014-2015 во Серија А, појавувајќи се во игра на местото на Франко Васкес во 72-рата минута од натпреварот. На 12 април 2015, toј го постигнал својот прв гол во Серија А во победата со 3-1 над Удинезе. Следната недела, Чочев постигнал двапати во победата со 2-1 против Џенова на стадионот Ренцо Барбера. Својата прва сезона во италијанскиот фудбал ја затворил со 18 настапи и 3 гола. На 22 јуни го продолжил договорот со Палермо до 30 јуни 2020 година.Chochev, rimango al Palermo per crescere
Во текот на сезоната 2016-2017, Чочев одиграл 30 натпревари за Палермо во Серија A и постигнал 3 гола но клубот испаднал од лигата на крајот од сезоната. Тој останал во Палермо, да игра во Серија Б во сезоната 2017-2018 и запишал две асистенции во победата со 2-1 на домашен терен над Про Верчели во петтото коло. Својот прв гол во Серија Б го постигнал на 3 ноември 2017 во ремито 2-2 против Пескара.
Репрезентативна кариера Своето деби за сениорската репрезентација на Бугарија Чочев го направил на 8 јуни 2015 во поразот со 4-0 од Турција во Истанбул во пријателски натпревар.
Наводи
Надворешни врски
Ивајло Чочев на transfermarkt Ивајло Чочев на soccerway Ивајло Чочев на espn Ивајло Чочев на whoscored
Категорија:Бугарски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери на ПФК ЦСКА (Софија) Категорија:Фудбалери на ФК Палермо Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Родени во 1993 година