Зарштет (; латински: Kertzstadensis;Зарштет под ова име е спомнуван во латинските извори од 1075 година. долногермански: Sassti’e) — мал град во округот Хилдесхајм, сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Има околу 18.500 жители. Зарштет е близу Хановер. Железничката станица во Зарштет се наоѓа на Хановерската јужна железница и е опслужувана од Хановерската С-железница.

Поранешната општина Гифтен станала дел од градот Зарштет на 1 март 1974 година.

Географија

Зарштет се наоѓа околу 13 километри северозападно од Хилдесхајм и 21 километар југоисточно од Хановер. Помеѓу 1885 и 1946 година бил единствен и најсеверен град во округот Хилдесхајм. Западно од градот поминува реката Инерсте, во која се влева потокот Брухграбен. Зарштет на исток се граничи со Алгермисен, на југоисток со Харзум, на југ со Гизен и Барнтен (од 1974 година дел од Нордштемен) (сите во округот Хилдесхајм), на северозапад со Патензен и на север со Лацен (обете во регионот Хановер).

Со општинската реформа во 1974 година, кон Зарштет биле придодадени шест општини:

Гифтен (околу 750 жит.) Гедринген (околу 610 жит.) Хајзеде (околу 1.000 жит. Хотелн (околу 520 жит.) Руте (околу 355 жит.) Шликум (околу 730 жит.)

Во самиот град Зарштет живеат околу 14.600, додека заедно со останатите градски единици има 18.626 жители (сост. 31 декември 2014 г.)

Политика Градоначалник

Градоначалничка на Зарштет е Хајке Бренеке (SPD), која била избрана во септември 2014 година.Einzelergebnisse der Direktwahlen am 25. Mai 2014 in Niedersachsen , abgerufen am 14. November 2014 Нејзин претходник бил Карл-Хајнц Вондрачек (SPD).

Меѓународни односи

Зарштет е збратимен со следниве општини:

Обвуа, Франција Гајон, Франција

Личности

Жан Анри Папе (1789-1875) — германско-француски создавач на пијана Валтер Малендорф (р. 1935) — атлетичар Рудолф Шенкер (р. 1948) — гитарист Харалд Гроскопф (р. 1949) — музичар Михаел Шенкер (р. 1955) — брат на Рудолф Шенкер, гитарист

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Хилдесхајм (округ)