Калиграфија (од грчки: καλλιγραφία) или краснопис е визуелна уметност поврзана со пишувањето. Таа претставува дизајнирање и пишување на букви со широк инструмент, четка или други инструменти за пишување. Современата калиграфска практика може да се дефинира како "уметност за давање форма на знаците на експресивен, хармоничен и вешт начин".
Современата калиграфија се движи од функционални натписи и дизајни до фини уметнички дела каде што буквите можат или не можат да бидат читливи. Класичната калиграфија се разликува од типографијата и некласичното рачно пишување, иако калиграфот може да ги практикува и двете. CD-ROM
Калиграфијата продолжува да цвета во форма на свадбени покани и покани за настани, дизајн на фонт и типографија, оригинален дизајн на лого со букви, религиозна уметност, соопштенија, графички дизајн и нарачана калиграфска уметност, натписи на камени и меморијални документи.
Алатки мини|Глава на калиграфско перо, со имиња на неговите делови. Основните алатки на калиграфот се пенкалото и четката. Калиграфските пенкала пишуваат со помош на пера кои можат да бидат рамни, кружни или остри. За некои украсни цели пенкала со повеќе пера—челични четки—можат да се користат. Сепак, дела исто така можат да бидат создадени со фломастери и хемикалки, иако овие дела немаат аглести линии. Постојат некои стилови на калиграфија, како што е готското писмо, кои бараат пенкало со рамно перо.
Мастилото за пишување обично е со водена база и е значително помалку вискозно од боите засновани на масло кои се користат при печатењето. Високиот квалитет на хартијата со добра доследност на апсорпција овозможува почисти линии, иако пергаментот или велумот често се користат бидејќи може да се користи нож за да се избришат несовршеностите и не е потребна лајтбокс за да можат линиите да поминат преку нив. Вообичаено се користат шаблони за да се постигнат прави линии без ознаките од моливи да одвлекуваат од делото. Вообичаено се кориски хартија со линии со место измеѓу линиите од околу еден квартал или половина инч, иако повремено се користат и инчени простори. Ова е случајот со litterea unciales од каде и поттекнува името.
Чести видови на калиграфски пенкала и четки се: Гускено перо Перодршка Мастилна четка Калам Пенкало
Светски традиции
Европа
Историја мини|Folio 27r од линдисфарнските Евангелија (700 г.) содржи инципит од Евангелието според Матеј. Западната калиграфија е препознатлива по употребата на латинското писмо. Латиницата се појавила околу 600 години п.н.е. во Рим и од првиот век се развила во capitalis quadrata врежана на камења, capitalis rustica насликана на ѕидови и римското ракописно писмо за секојдневна употреба. Во вториот и третиот век на бил развиен унцијалскиот стил на буквите. Како што пишувањето станало екслузивно за манастирите, унцијалната скрипта беше сметана за попогодна за копирањето на Библијата и другите религиски текстови. Манастирите биле тие кои ги сочувале калиграфските традиции во текот на четвртиот и петтиот век, при падот на Римското Царство и кога Европа влезе во средниот век.
При процутот на империјата, нејзината моќ достигна до Велика Британија; по падот на империјата, нејзиното книжевно влијание остана. Полуунцијалниот стил го генерирал ирскиот полуунцијален - малиот англосаксонски. Секој регион развил свои стандарди по пример на главниот манастир во регионот (односно меровинската скрипта, лаонската скрипта, визиготската скрипта, беневентската скрипта), кои биле претежно курзивни и тешко можеле да се прочитат. лево|мини|Калиграфија во латинска Библија од 1407 година во Вилтшајр, Англија. Оваа библија беше напишана рачно во Белгија од Џерард Брилс за читање на глас во манастирот. Христијанските цркви го промовирале развојот на пишувањето преку плодното копирање на Библијата, особено Новиот завет и други свети текстови.de Hamel 2001a Два различни стилови на пишување познати како унцијален и полуунцијален (од латинскиот "унција" или "инч") биле развиени од различни римски писари.Knight 1998: 10 Периодот од 7-9 век во северна Европа биле најславните денови на келтските илуминирани ракописи, како што се Книгата на Дуроу, линдисфарските евангелија и Книгата на Келис.Trinity College Library Dublin 2006; Walther & Wolf 2005; Brown & Lovett 1999: 40; Backhouse 1981
Посветеноста на Карло Велики кон подобрувањето на стипендијата резултираше со регрутирање на "толпа од писари" според Алкуин, игуменот на Јорк.Jackson 1981: 64 Алкуин го разви стилот познат како Каролина. Првиот ракопис во овој стил беше во Годескалкската Евангелистарија (завршена во 783)—евангелиска книга напишана од страна на писарот Годескалк.Walther & Wolf 2005; de Hamel 1994: 46-48 Каролинскиот стил останува единствениот матичен стил од кој поттекнува современиот книжевен стил.de Hamel 1994: 46
Во единаесеттиот век, Каролината еволвирала во готската скрипта која беше покомпактна со што било можно да се собере повеќе текст на една страница. Готските калиграфски стилови станале доминантни низ Европа и во 1454 година кога Јоханес Гутенберг го направил првото печатење во Мајнц, Германија, тој го усвоил готскиот стил со што го создал првиот фонт. мини|Грузиската калиграфија е вековна традиција на уметничко пишување на грузискиот јазик со неговите три скрипти. Откривањето на старите каролински текстови во 15 век го поттикна создавањето на хуманистичката скрипта или littera antiqua. Од 17 век познати се батардската скрипта од Франција, а од 18 век англиската скрипта која се прошири низ Европа и светот преку книгите.
Во средината на 1600-тите француските службени лица, поплавени со документи напишани во различни стилови и на различни нивоа на вештина, се пожалиле дека многу од ваквите документи биле надвор од нивната способност да ги дешифрираат. Канцеларијата на финансиерот тогаш ги ограничи сите правни документи на три стила, имено Кули, Ронд (познат како кружен стил на англиски јазик) и Бастарда позната како Брзинска рака.
Иако имало доста познати француски мајстори во тоа време, највлијателниот при предлагањето на овие стилови бил Луис Барбедор кој ги објавил Les Ecritures Financière и Italienne Bastarde Dans Leur Naturel околку 1650 година .
Со уништувањето на Апостолската Палата во текот на пљачкувањето на Рим (1527), капиталот на мајсторите на пишувањето се премести во Јужна Франција. Од 1600 година курзивната Cursiva почна да биде заменета од технолошка префинетост, курзивната Chancery Circumflessa, која за возврат ги генерирала Ронд и подоцна англискиот Раундхенд.
Во Англија, Ајрес и Бансон го популаризирале кружниот стил, додека Снел е познат по неговата реакција на истите и предупредувањата за умереност и пропорционалност. Сепак, Едвард Крокер почна со издавањето на неговите книги 40 години пред сите нив.
Стил десно|мини|Современа западна калиграфија Сакралната западна калиграфија има некои посебни одлики, како што било илуминирањето на првата буква од секоја книга или поглавје во средновековните времиња. Декоративната "килимска страница" може да претходи на литературата, исполнета со раскошни, геометриски претстави на животни. Линдисфарнското Евангелие (715-720 година) е прв пример за ова.
Како и кинеската или исламската калиграфија, западната калиграфска скрипта вклучувала и стриктни правила и форми. Квалитетот на пишувањето имаше ритам и регуларност во однос на буквите, со "геометриски" ред на линиите на страницата. Секој знак имал и често сѐ уште има прецизен редослед при пишувањето.
За разлика од фонтот, неправилноста во големината, стилот и боите на буквите ја зголемуваат естетската вредност, иако содржината може да биде неразбирлива. Многу од темите и варијациите на денешната современа западна калиграфија поттекнуваат од страниците на Библијата на Свети Јован. Посебно модерен пример е илустрираното издание на Библијата од Тимоти Ботс, со 360 калиграфски слики како и калиграфски фонт.
Влијанија Неколку други западни стилови ги користат истите алатки и практики, но се разликуваат според карактерот и стилските преференци. Во однос на словенското писмо, историјата на словенските и последователно руски системи на пишување се разликува фундаментално од таа на латинскиот јазик. Тоа еволуираше од 10 век до денес.
Источна Азија Кинеското име за калиграфијата е shūfǎ (書法 на традиционален кинески, буквално "метод или закон за пишување"); (Taiwanese) being here used as in (Cantonese) or (Taiwanese), meaning "writing style". јапонското име е shodō (, буквално "начинот или принципот на пишување"); корејското е seoye (/, буквално "уметноста на пишување"); и виетнамското е (, буквално "начинот на буквите или зборовите"). Калиграфијата на источноазиските букви е важен и ценет аспект на источноазиската култура.
Историја мини|Виетнамски калиграф како пишува во Хан-Ном при подготовките за Тет, во Храмот на книжевноста, Ханој (2011). Во античка Кина, најстарите кинески знаци кои постоеле биле знаците Џиагувен (甲骨文), врежани на волски плешки и на пластроните на желките. Управувачите во шангската династија обично ги врежале на животински коски, а потоа ги печиле со цел да се здобијат со среќа во однос на воените прашања, земјоделската жетва или за репродукцијата и временските услови. Во текот на церемонијата на дивинација, откако пукнатините биле направени, буквите биле напишани со четка на школка или коска за подоцна да бидат врежани. Со развојот на Џинвен и Дажуан "курзивните" знаци продолжиле да се користат. Исто така, секое архаично царство на Кина имаше свој сет на знаци.
Во империјална Кина, графиконите на старите стели—некои од кои датираат од 200 година п.н.е. и биле во сјаожуански стил—сѐ уште се достапни.
Околу 220 п.н.е., царот Ќин Ше Хуанг - првиот кој го освоил целиот кинески слив - наметнал неколку реформи, меѓу нив и обединувањето на карактерите на Ли Си, со што се создаде сет од 3300 стандардизирани Xiǎozhuàn(小篆) карактери. И покрај фактот што главната алатка за пишување во тоа време веќе беше четката, само неколку дела преживеале од овој период и главните примери за овој стил се на стели.
Лишускиот стил (隶书) кој бил повообичаен и на некои начини сличен на современиот текст, бил исто така овластен под Ќин Ше Хуанг.
Каишускиот стил (традиционална регуларна скрипта) кој сѐ уште е во употреба денес и му се припишува на Ванг Сижи (, 303-361) и неговите следбеници е уште порегуларизиран. Неговото ширење беше поттикнато од страна на царот Мингзонг на подоцнежната Танг династија (926-933), кој го наредил печатењето на класиците користејќи нови дрвени блокови во каишускиот стил. Технологиите за печатење дозволиле стабилизација на формата. Каишуската форма на знаците од пред 1000 години беше главно слична како и таа при крајот на империјална Кина. Но сепак, имало промени кои биле направени, на пример во формата на која не е апсолутно иста во Кангсиевиот речник од 1716 како и во модерните книги. Кангсиевите и сегашните форми имаат мали разлики, додека редоследот на пишување е сѐ уште ист - според стариот стил.. See, for example, the radicals , , or . The 2007 common shape for those characters does not clearly show the stroke order, but old versions, visible on p. 41, clearly allow the stroke order to be determined.
Стилови кои не преживеале се Бафеншу, мешавина од сјаожуанскиот стил (околу 80%) и од лишускиот стил (околу 20%). Некои варијанти на кинеските знаци биле необични или биле ограничени на локално ниво со векови. Тие генерално биле разбирливи, но секогаш се одбивале во официјалните текстови. Некои од овие необични варијанти, во прилог на некои новосоздадени знаци, го сочинуваат упростениот кинески сет.
Техника мини|За калиграфијата од Ми Фу, од Сунг династијата Традиционалното пишување во Источна Азија ги користи Четирите богатства на студијата (/): мастилни четки познати како маоби () за пишување на кинеските знаци, кинеско мастило, хартија и аван за мастило, познати како Четирите пријатели на студијата () во Кореја.