Адем Мекиќ (роден на во Скопје) — македонски кошаркар од бошњачка народност. Тој моментално е играч на МЗТ Аеродром.

Клупска кариера Младинска кариера Со МЗТ, Мекиќ станал првак со М-20 составот (генерација 1996/1997) во сезоната 2014/15.

Професионална кариера Својата професионална кариера ја започнал во тогаш новиот прволигаш Вардар Апаве, каде настапувал на почетокот на сезоната 2013/14. Но паралелно, истата сезона, тој бил приклучен во т.н. Младинска репрезентација на Македонија, проект-екипа која се натпреварувала надвор од конкуренција во Првата лига. За сезоната 2014/15 се преселил во МЗТ Аеродром. Тогаш Адем со МЗТ го освоил Првенството. Пред отворањето на сезоната 2015/16, Мекиќ со МЗТ станал првак во возобновениот Суперкуп на Македонија 2015, и подоцна станал освојувач на Првенството и Купот на Македонија 2016. Во сезоната 2016/17 исто така играл за МЗТ Аеродром, клуб со кој најпрво го освоил Суперкупот на Македонија 2016 и подоцна повторно станал првак во Лигата. мини|(Куманово - Блокотехна) 2017г. мини|(Куманово - Гостивар) 2017г. мини|Куманово - Рилски (БИБЛ Лига) 15.11.2017 мини|(Куманово - Пелистер) 02.12 (2) мини|Кошаркарски натпревар меѓу Куманово - Блокотехна (2017г.) Сезоната 2017/18 ја започнал во МЗТ, но во ноември, поради слабата минутажа се преместил во Куманово 2009. Следната сезона, Адем останал да биде играч на Куманово. Во јули 2019 година, за сезоната 2019/20, Мекиќ потпишал за АВ Охрид. Но пред самиот почеток на сезоната, откако АВ Охрид најавил распаѓање на клубот, Мекиќ се преселил во Пелистер. За сезоната 2020/21, во почетокот на јули 2020 година, тој потпишал едногодишен договор со МЗТ Аеродром. Во мај, тој го освоил Купот на Македонија 2021.

Репрезентативна кариера Младинска репрезентација

А репрезентација Во јануари 2020 година, селекторот на Македонија, Александар Тодоров го објавил поширокиот состав за февруарските квалификации за Евробаскетот 2021 во кој бил вклучен Мекиќ. Но во февруари, по првиот филтер, тој отпаднал од составот.

Успеси

МЗТ Аеродром Прва македонска лига (3) : 2014/15, 2015/16, 2016/17 Куп на Македонија (2) : 2016, 2021 Суперкуп на Македонија (2) : 2015, 2016

Признанија Почесно споменување во сезоната 2017/18 Почесно споменување во сезоната 2018/19 Трета најдобра петорка на сезоната 2019/20 Најдобра домашна петорка на сезоната 2019/20

Наводи

Надворешни врски Профил на Адем Мекиќ на eurobasket.com Профил на Адем Мекиќ на realgm.com Профил на Адем Мекиќ на aba-liga.com

Категорија:Живи луѓе Категорија:Кошаркари од Скопје Категорија:Родени во 1995 година Категорија:Македонски Бошњаци