Listeria е род на стапчести, Грам-позитивни, факултативно анаеробни бактерии кои не формираат ендоспори. Родот е наречен според британскиот хирург Џозеф Листер. До 1992 година беа познати десет припадници на овој род, а до 2014 година беа откриени уште пет нови видови. Главниот човечки патоген е видот L. monocytogenes. Оваа бактерија е причинител на релативно ретката бактериска болест наречена листериоза, која се добива со конзумирање на храна контаминирана со бактеријата.
Наводи
Категорија:Бактерии Категорија:Грампозитивни бактерии Категорија:Микробиологија Категорија:Бактериологија