мини|десно|250п|Знаме на корејското обединување Обединет тим на Кореја — обединет спортски тим на Северна и Јужна Кореја. Ваков тим настапил на неколку спортски натпреварувања во минатото, а настапува и на Зимските олимписки игри 2018.

Историја Обединет тим под името „Кореја“ нстапил на Светското првенство во пинг-понг 1991 и Светското младинско првенство во фудбал 1991 со спортисти од Северна и Јужна Кореја. Во 1991 година, тимот го користел Знамето на корејското обединување и химната „Ариранг“.

На Зимските олимписки игри 2018 во Пјонгчанг, спортистите од Северна и Јужна Кореја маришале под Знамето на корејското обединување на Парадата на нациите на церемонијата на свеченото отворање. Обединет тим исто така настапил на женскиот турнир во хокеј на мраз со шифрата на МОК „COR“. Тимот го користел Знамето на корејското обединување и неговата химна е народната песна „Ариранг“. Во другите дисциплини, двете Кореи учествувале како одделни тимови.

Освоени медали Светски првенства во пинг-понг НатпреварувањеСпортистиЗлатоСреброБронзаВкупно Чиба 1991 22 1 1 2 4 Вкупно 1 1 2 4

Светски младински првенства во фудбал НатпреварувањеСпористиЗлатоСреброБронзаTotal Португалија 1991 18 0 0 0 0 Вкупно 0 0 0 0

Зимски олимписки игри 2018

НатпреварувањеСпортистиЗлатоСреброБронзаВкупно Пјонгчанг 2018 35 0 0 0 0 Вкупно 0 0 0 0

Поврзано Кореја Обединет тим

Наводи

Категорија:Спортот во Северна Кореја Категорија:Спортот во Јужна Кореја