Чеџу (корејски изговор: [tɕe.dʑu.do] Чеџудо; претходно Чеџу-до) е најголемиот остров во близина на брегот на корејскиот полуостров, и главниот остров на провинцијата Чеџу во Јужна Кореја. Островот се наоѓа во Корејскиот теснец, на југот на Јужната провинција Чола. Островот е природно светско наследство на УНЕСКО (види: Вулканскиот остров Чеџу и каналите од лава)"Unesco names World Heritage sites". BBC News.. Чеџудо, како инаку се нарекува, има умерена клима. Дури и во зима, температурата ретко паѓа под 0 °C. Чеџу е популарно одредиште за одмор и доста голем дел од економијата се потпира на туризмот и економската активност на неговата цивилно-поморска база.
Историја
Историски имиња Историски гледано, островот се нарекувал со многу различни имиња, вклучувајќи: Дои (хангул: 도이, ханча: 夷 буквално "Островот варварин") Донгиеонџу (хангул: 동영주 ;ханча: 東瀛州 Џуо (хангул: 주호, ханча: 胡) Тамора (탐모라, 耽牟羅) Сеомра (섭라, 涉羅) Тангна (탁라, 乇羅) Тамна (탐라, 耽羅) Келпарт или Келпарте Џунвонхадо (준원하도, 준원下島 со значење: јужниот дел на полуостровот) Тиксингнидо (хангул: 택승리도 - мирен топол остров) Самдадо (хангул: 삼다도 - "Островот на трите изобилности") Пред Јапонците да го анексираат во 1910 година, островот на Европејците им бил познат како Келпарте. Името очигледно потекнува од првиот европски брод, холандскиот Келпарт, кој пристигнал на островот откако скршнал од својот пат до холандската трговска база во Нагасаки, Јапонија, од Тајван (тогашна холандска колонија Формоза).
Според корејската евиденција, флота од седумдесет јапонски пирати (вокоу) го нападнале островот Келпарт и соседните делови на корејскиот полуостров во 1555 година. Кога Кореја била припоена на Јапонија во 1910 година, Чеџу станал познат како Саишу, што е јапонско читање на ханчата за Чеџу.
Пред 2000 година, кога владата на Сеул официјално ја усвоила ревидираната романизација на корејскиот јазик, Чеџудо бил напишан како Чеџу-до. Речиси сите писмени наводи за островот претходно го користеле тој правопис.
Чеџуанското востание Главна статија: Масакрот во Чеџу
Од 3 април 1948 до мај 1949 година, владата на Јужна Кореја спровела антикомунистичка кампања за да се задуши обидот за востание на островот.Hugh Deane (1999). The Korean War, 1945-1953. China Books&Periodicals, Inc. pp. 54–58.Merrill, John (1980). "Cheju-do Rebellion". The Journal of Korean Studies: 139–197. Главната причина за бунтот биле изборите закажани за 10 мај 1948 година, дизајнирани од страна на Привремената комисија на Обединетите Нации за Кореја (UNTCOK) за создавање на нова влада за цела Кореја. Изборите биле планирани само за југот на земјата, половината од полуостровот кој бил под контрола на Привремената комисија на ОН. Плашејќи се дека изборите ќе ја засилат понатамошната поделба, герилски борци на Јужнокорејската работничка партија (СКЛП) реагирале насилно, напаѓајќи ја локалната полиција и десничарските младински групи стационирани на островот Чеџу.
Злосторства биле извршени од двете страни, но оние од Јужнокорејските владини сили биле најдобро документирани. Во масакрот загинале помеѓу 30,000 до 60.000 луѓе, односно, според некои податоци, 10% од вкупното население на островот. Околу 40,000 побегнале во Јапонија за да избегаат од борбите. Децениите по востанието, сеќавањето на настанот се потиснувал од страна на владата со строги казнени мерки. Сепак, во 2006 година, корејската влада се извинила за нејзината улога во убиствата и ветила репарации но до 2010 година, тие не биле исплатениO, John Kie-Chiang (1999). "Korean Politics: The Quest for Democratization and Economic Development". Cornell University Press..
Во 2008 година, тела на жртвите од масакрот биле пронајдени во масовна гробница во близина на Меѓународниот аеродром Чеџу.Song Jung Hee, Islanders still mourn April 3 massacre , Jeju Weekly, March 3, 2010
Географија
Чеџудо е вулкански остров на кој се издига вулканот Халасан висок 1,950 метри и највисоката планина во Јужна Кореја. Островот попречно изнесува околу 73 километри, од исток кон запад и 41 километри,од север кон југ.
Островот се формирал од вулкански ерупции пред околу 2 милиони години, за време на кенозоикот. Се состои главно од базалт и лава.
Областа која покрива околу 12% (224 квадратни километри или 86 квадратни милји) од Чеџудо е позната како Готџавалска шума. Оваа област останала некултивирана до 21-от век, чија основа на 'A'ā лава била тешка за развивање земјоделство. Затоа оваа шума има посебна екологија. Таа е главниот извор на подземна вода и оттука главен извор на вода за половина милион луѓе на островот, бидејќи површински продира директно низ пукнатините на 'A'ā лавата под шумата. Готџавал од страна на некои истражувачи се смета за меѓународно значајно влажно тлоJang, Yong-chang and Chanwon Lee, 2009, "Gotjawal Forest as an internationally important wetland," Journal of Korean Wetlands Studies, 2009, Vol 1. под Рамсарската конвенција, бидејќи е живеалиште на единствени видови на растенија и претставува главен извор на вода за жителите, иако до денес не е прогласен за рамсарска локација"Ramsar site list" (PDF). Archived from the original(PDF) on January 14, 2009..
Формација Пред околу 2 милиони години, островот на Чеџу бил формиран со вулканска активност. Пред околу 1.2 милиони години, магматско огниште се образувало под морското дно и почнала да избива. Пред околу 700 илјади години, на островот се формирал со вулканска активност. Вулканската активност потоа престанала за околу 100 илјади години. Пред околу 300 илјади години, вулканската активност повторно се активирала долж крајбрежјето. Пред околу 100 илјади години, вулканската активност ја создала планината Хала. Пред околу 25 илјади години, страничните ерупции околу планината Хала оставиле повеќе ореуми (помали 'паразитски' конуси на падините на основниот вулкански конус). Вулканска активност запрела а постојаното атмосферско влијание и ерозијата помогнале да се формира островот.
Клима Чеџу има влажна суптропска клима, што го прави потопол од остатокот на Јужна Кореја. Има четири различни сезони на Чеџу. Зимите се студени и суви додека летата се топли, влажни, и понекогаш дождливи.
Во јануари 2016 година, студен бран влијаел на регионот. Поради снегот и студените временски услови биле откажани 1.200 летови на Чеџудо, со околу 90,300 патнициAp, Tiffany (January 25, 2016). "Deaths, travel disruption as bitter cold grips Asia". CNN..
Места мини|Сеонгсан Илчулбонг или "Врв Изгрејсонце" Лавин канал Манџангул, долг 8 км Сеонгсан Илчулбонг или "Врв Изгрејсонце" вулкански конус и кратер (туф) Халасан, централен и највисок врв на островот Сеонгеуп (село) Музеј на мечиња во Чеџу Чеџу Лавленд, парк со љубовна и сексуална тематика Музеј на чај О‘Сулок
Поморска база Чеџу Во 1993 година, Република Кореја (РК) започнала да планира поморска база на островот Чеџудо (Чеџу), а во 2007 година започнала изградбата во селото Ганџонг, со планирано завршување до 2011 година. Базата била планирана да прими 20 воени бродови, три подморници и два 150.000 тонски крстосувачки бродови, како приватно-воен комплекс, слично на оние во Сиднеј и Хаваи. Жителите на Чеџу, еколозите и опозициските партии се спротивставиле на базата, предизвикувајќи одложувања во изградбата.Jeju naval base: The Koreaherald.com, Published; 2016-02-29, - Retrieved 2017-03-05 Базата била завршена во 2016 година, а официјалното име е пристаништето Цивилно воен комплекс Чеџу. Активистите се противат на планот. Активистите се противеле на базатаSave Jeju Now- Retrieved 2017-03-05 тврдејќи дека ќеима лошо влијание врз околината и ќе му наштети на “Островот на мирот” како што властите го опишувале Чеџу.Cheju / Jeju Naval Base: GlobalSecurity.org- Retrieved 2017-03-05
Поврзано
Чеџуански коњ, локална коњска раса Чеџуански јазик
Наводи
Категорија:Светско наследство во Јужна Кореја Категорија:Острови Категорија:Јужна Кореја Категорија:Биосферни резервати во Јужна Кореја