Трајан Јовковски (, Селци) ― македонски електроинженер и кајакар на диви води, првак на Македонија и Југославија.Душко Симоновски, Кајакот во Македонија, Скопје, 1994.
Животопис Јовковски е роден во струшкото село Селци на 15 февруари 1942 година, тогаш во проширеното Кралство Албанија. Завршил Електротехнички факултет во Скопје. Бил член на Бродарското друштво „Мирче Ацев“ во Скопје од 1957 година. Од 1959 до 1971 година бил шампион на Македонија во повеќе дисциплини. Од 1959 до 1970 година, полни 10 години бил шампион на Југославија во дисциплината слалом. Од 1961 до 1971 година бил член на југословенската кајак репрезентација со која учествувал на сите значајни меѓународни кајак натпревари. Во репрезентацијата бил неколку години капитен, а потоа од 1972 до 1975 година и нејзин тренер. Исклучително е заслужен за квалитетниот напредок на македонскиот кајакарски спорт на диви води. Тој е член на Олимпискиот Совет при МОК и Собранието на МОК. Член на Клубот на Великаните на МОК од 2000 година.Видиниќ и Јовковски - нови членови на Клубот на великаните
Светски првенства Хеинсберг, ДДР Ф-1 - 13-то место; Мерано, Италија - 3-то место; Шпитал, Австрија - 2-ро место;
Наводи
Категорија:Луѓе од Селци Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски кајакари Категорија:Македонски инженери Категорија:Југословенски кајакари Категорија:Југословенски инженери