База на мали небесни тела на JPL (, SBDB) — астрономска база на податоци посветена на мали тела во Сончевиот Систем. Базата е во надлежност на Лабораторијата за реактивен погон (JPL) и НАСА, и одржува податоци за сите познати астероиди и неколку комети, вклучувајќи орбитални параметри и дијаграми, физички шеми и библиографија на дела во кои се обработува телото. Базата се подновува секојдневно
Податоци за доближувања Базата располага со податоци за доближувањето на поважните планети и 16 најмасивни астероиди. Се добиваат со придодавање на „;cad=1“ на крајот од адресата.
Поврзано Мало тело во Сончевиот Систем
Наводи
Надворешни врски Прелистувач по Базата на малите небесни тела на JPL
Категорија:Бази на астрономски податоци Категорија:Набљудувачка астрономија Категорија:Астрономски каталози