Репрезентација на Канада во хокеј на мраз (популарно познат како Тим Канада, француски: Équipe Canada) — rепрезентација за хокеј на мраз кој ја претставува Канада на меѓународно ниво. Тимот е под Канадскта федерација по хокеј, член на Интернационалната хокеј-федерација. Од 1920 до 1963 година, меѓународна застапеност на Канада била од страна на високи аматерски клубови. Канадскиот национален машки тим е основан во 1963 година од страна на Дејвид Бауер како дел од канадската аматерска асоцијација, играјќи на Универзитетот во Британска Колумбија. Прекарот Тим Канада за првпат се користел во 1972 година и оттогаш се користи за да се идентификува канадската репрезентација.
Канада е водечка репрезентација за хокеј на мраз во меѓународно ниво, и има освоено четири од пет Канадски првенства кои датираат од 1976 година, девет олимписки златни медали (најмногу во светот), меѓу кои и три од последните четири: 2002, 2010 и 2014 година. Тие биле 26 пати светски шампиони во Светскиот куп и победници на Светското првенство во хокеј во 2004 и 2016 година. Канада е членка на т.н. „Голема шесторка“, неофицијална група од шесте најсилни машки нации по хокеј, заедно со Чешка, Финска, Русија, Шведска и САД.
Наводи
Канада Категорија:Репрезентации на Канада