Репрезентација на Македонија во хокеј на мраз — репрезентација во хокеј на мраз на Република Македонија раководен од Хокеј федерацијата на Македонија која е придружна членка на Меѓународната хокејска федерација од 4 октомври 2001 година.
Историја Репрезентацијата на Македонија во хокеј на мраз својот прв натпревар го одиграла на 27 март 2011 година против бугарскиот клуб Црвена Ѕвезда Софија во Скопје. Натпреварот завршил со резултат 4–1 за гостинскиот клуб. На 20 декември 2014 година, Македонија одиграла два пријателски натпревари против репрезентацијата на Бугарија во хокеј на мраз до 21 година во Скопје. Македонската репрезентација првиот натпревар го загубила со 6–5 по продолженија а на вториот натпревар победила со 4–3 по продолженија, забележувајќи ја првата победа во историјата.
На 20 и 21 јануари 2018 година, Македонија одиграла два меѓународни пријателски натпревари против репрезентацијата на Босна и Херцеговина во Сараево во текот на еден викенд. Македонија победила на првиот натпревар со 8–7 а на вториот натпревар загубила со 7–6 по продолженија.
Во ноември 2018 година, Македонија победила на Развојниот куп 2018, организиран од Меѓународната хокејска федерација а одржан во Фисен, Германија. Македонската репрезентација на турнирот ги одмерила силите со Андора, Ирска и Португалија и забележала победи на сите натпревари. Во финалниот натпревар, Македонија ја победила Португалија со 9–3.„Отидовме во Германија со броени пари и по некој сендвич, а се вративме со злато!“ gol.mk, 22 ноември 2018
Резултати против други земји Ажурирано по последниот натпревар: 21 ноември 2018 Team 2 2 0 0 15 7 2 2 0 0 14 7 1 1 0 0 9 6 2 1 0 1 14 14 Вкупно 7 6 0 1 52 34
Наводи
Надворешни врски Профил на IIFH National Teams of Ice Hockey
Категорија:Репрезентации во хокеј на мраз Категорија:Хокеј на мраз во Македонија Категорија:Појавено во 2011 година во Македонија