ЦЕФТА (англиски: Central European Free Trade Agreement (CEFTA)) е трговски договор помеѓу Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Молдавија, Србија, УНМИК во име на Република Косово и Црна Гора. Поранешни членови се Полска, Чешка, Словачка, Словенија, Унгарија и Хрватска кои станале чланки на Европската Унија.
ЦЕФТА ја основале Полска, Чехословачка и Унгарија на 21 декември 1992 во Краков. Подоцна членки станале Словенија (1996), Романија (1997), Бугарија (1998), Хрватска (2002) и Македонија (2006).
ЦЕФТА е договор кој денес ја дефинира единствената слободна трговска зона во југоисточна Европа, иако името на договорот го опишува договорот на земјите средна Европа.
Историја
Првобитен договор
Првобитниот договор го потпишале земјите од Вишеградската група, односно Полска, Унгарија и Чехословачка на 21 декември 1992 во Краков, во Полска. Договорот стапил на сила во јули 1994.
Словенија се приклучила во 1996, Романија 1997, Бугарија 1998, Хрватска 2003 и Македонија 2006.
Договор од 2006
Сите земји од оригиналниот договор, со исклучок на Македонија, влегоа во Европската Унија и со тоа ја напуштија ЦЕФТА. Поради тоа, беше одлучено Договорот да се прошири за да ги покрие и останатите балкански држави, кои веќе создале матрица на билатерални договори за слободна трговија во рамки на Пактот за стабилност во Југоисточна Европа.
На Самитот на премиерите на Југоисточна Европа, во Букурешт на 6 април 2006, ја усвоиле Декларацијата за проширување, која ќе ги опфати Албанија, Босна и Херцеговина, Молдавија, Србија, Црна Гора и УНМИК (во име на Косово). Било разговарано за можното пристапување на Украина. Новиот Договор бил потпишан на 19 декември 2006 на Самитот на премиери од Југоисточна Европа во Букурешт. До ратификација дошло на 31 март 2007 и новиот договор стапил во сила на 1 мај 2007 година.
Сегашни и поранешни членки на ЦЕФТА
Држава Пристапување Заминување - 1992 2004 1992 2004 (1993) 1992 2004 (1993) 2004 1996 2004 1997 2007 1999 2007 2003 2013 2006 — 2007 — 2007 — 2007 — 2007 — 2007 — 2007 —
Галерија
Поврзано Список на економски интеграции Меркосур
Наводи
Надворешни врски Официјално мрежно место ЦЕФТА Портал Оригиналниот ЦЕФТА договор Preamble of the CEFTA Agreement Amendment of and Accession to the Central European Free Trade Agreement (CEFTA 2006 Agreement)
Категорија:Економски интеграции во Европа Категорија:Трговски блокови Категорија:Договори на Македонија