Бела Река — река во источниот дел на Македонија, која заедно со Црна Река ја образува Оризарска Река.

Течение Реката извира на јужната падина на планината Осогово, североисточно од градот Кочани. Нејзиното течение е во јужен правец и таа поминува покрај маала на селата Мишино, Небојани, Полаки и Костин Дол пред спојувањето со Црна Река кај селото Речани по што продолжува како Оризарска Река.

Хидрографија Сливното подрачје на реката зафаќа површина од 42,2 км2.

Поврзано Осоговски Планини Црна Река (Осогово) Оризарска Река

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Реки во Македонија Категорија:Осогово Категорија:Географија на Кочани