мини|Вјачеслав Иванов во 1964 година Вјачеслав Николајевич Иванов (рус. Вячеслав Николаевич Иванов; Москва, СССР, година — 5 август 2024) е поранешен советски веслач, кој има освоено три последователти медаљи на Олимписките игри под знамињата на Советскиот Сојуз.

Иванов е првиот веслач кој успеал трипати по ред да победи на Игрите во скиф, дисциплина која често покрај дисциплината осмерец се смета за најелитна дисциплина во веслањето. Тој подвик досега во историјата на Олимписките игриго повторил само Финскиот веслач Перти Карпинен

Освен на Олимписките игри Иванов имал и низа други успеси: бил светски првак, европски првак и прв веслач кој во скиф успеал да ја пробие границата од 7 минути на олимписка делница од 2000 метри.

Иванов посебно се истакнувал со тактичкиот пристап кон трките, бидејќи после стартот практикувал помирен ритам на веслање и ја штедел силата за убиствени финиши со кои ги уништувал противниците. Неговиот тактички пристап кон трките и денеска е дел од подготовките на врвните скифисти.

Надворешни врски Ivanov olympic.org Биографија Иванов и Карпинен

Наводи

Категорија:Родени во 1938 година Категорија:Починати во 2024 година Категорија:Советски веслачи Категорија:Носители на Орденот на Црвеното знаме на трудот Категорија:Носители на орденот „Знак на Честа“