Динара Алимбекова (родена на година) — белоруска биатлонка.
Таа е родена во казахстанскиот град Абај, од татко Казахстанец и од мајка Белорусинка. Таа се преселила во Белорусија кога имала три години. Со спорт започнала да се занимава во градот Чавуси.
Алимбекова учествувала на Светското јуниорско првенство во 2015, 2016 и 2017 година. Златото во штафета и четвртото место во спринт го освоила во 2015 година.
Дебитирала на Светското првенство во 2016 година.
На Зимските олимписки игри во 2018 година во Пјонгчанг освоила златен медал во женската штафета. Во спринт го освоила 50 место, а во поединечната трка на 15 км 73 место.
Наводи
Надворешни врски Профил и резултати на ИБУ
Категорија:Живи луѓе Категорија:Освојувачи на медали на Зимските олимписки игри 2018 Категорија:Биатлон на Зимските олимписки игри 2018 Категорија:Олимписки златни медалисти за Белорусија Категорија:Белоруски спортисти