Зворничко Езеро (српски: Зворничко језеро) е вештачко езеро кое се наоѓа во Република Српска, Босна и Херцеговина и Србија. Езерото е погранично езеро и е на текот на реката Дрина.
Географија Вкупната површина на Зворничкото Езеро е 8.1 километар квадратен, и има капацитет од 90.000.000 м3 вода. Најдлабоката точна на езерото е 39 метри, а просечната длабочина изнесува од 5 до 8 метри. Езерото е долго 25 км, со најмала широчина од 200 метри и најголема широчина од 3 км. Зворничкото Езеро се наоѓа на надморска височина од 140 метри. Езерото наоѓа во регионот на Зворник и Мали Зворник, по текот на реката Дрина до вливот на приоката Велика Река во општина Мали Зворник.
Акумулацијата е изградена во 1955 година. Поради тлото, 50% од басенот на езерото е ерозивно и поради поголемиот број притоки и потоци, како и самата ерозија, денес има повеќе островчиња и полуостровчиња.Агенција Републике Српске за воде обласног ријечног слива Саве: Језера у Републици Српској
Галерија
Поглед од Република Српска
Полглед од Србија
Наводи
Литература
Поврзано Дрина Република Српска Србија
Категорија:Езера во Република Српска Категорија:Езера во Србија Категорија:Дрински слив