Мехмед V Решад (турски: Mehmed V Reşad или Reşat Mehmet) ( во – во ) бил 35-тиот отомански султан.The Encyclopaedia Britannica, Vol.7, 3; "Constantinople, the capital of the Turkish Empire..". Бил син на султанот Абдул Меџит I. Како и многу други потенцијални наследници, тој бил затворен цели 30 години во харемите во царскиот сарај. Девет оди тие години тој бил чуван сосема сам. За ова време тој изучувал поезија во стар персиски стил и самиот бил почитуван поет.
Ран живот и образование Роден е на 2 ноември 1844 година во палатата Чираган во Константинопол (Истанбул) како син на султанот Абдул Меџид I и неговата сопруга Ѓулџемал Кадин (по потекло од Босна). Имал постари сестри (Фатма и Рефија, како и Хатиџе која починала во детство). По смртта на мајка му во 1851 година, тој и сестрите биле згрижени од постарата сопруга на татко му, Серветсеза Кадин.
Како и многу други принцови во тоа време, поголемиот дел од животот го поминал во изолација во харемите на царските палати (Домбахче и Јилдиз). Околу 30 години бил под надзор, а дел од тоа време во речиси целосна осаменост. Во тој период се образувал во традиционални исламски науки и персиска литература, развил интерес за отоманската и исламската историја и бил познат како добар познавач на поезијата во стар персиски стил. Опишан е како благ, љубезен и мирољубив човек, но без силни политички или административни способности.
Владеење Почнал да владее по Младотурската револуција, на 27 април 1909 година, но немал вистинска политичка моќ. Фактичките решенија и заклучоци ги донесувале разни владини функционери, а на крајот, за време на Првата светска војна, решавале трите паши: Енвер Паша, Талат Паша и Џемал Паша.
Италијанско-турска војна
Во 1911 година, за време на владеењето на Мехмед V, Османлиското Царство влегло во војна со Кралство Италија. Италија на 29 септември 1911 година му објавила војна на Османлиското Царство со цел да ги заземе османлиските провинции Триполитанија и Киренаика во Северна Африка. Италијанските сили брзо ги зазеле главните крајбрежни градови, додека османлиските сили, со помош на локалното население, продолжиле со отпор во внатрешноста на Либија.
Поради британската контрола на Египет и француската контрола на Тунис, Османлиското Царство имало ограничени можности за испраќање воени засилувања во Либија. И покрај тоа, неколку османлиски офицери, меѓу кои Мустафа Кемал и Енвер бег, пристигнале во Либија и учествувале во организирањето на отпорот против италијанската инвазија. Во текот на 1912 година Италија го проширила конфликтот во Егејското Море и ги зазела Додеканезите.
Во исто време, Османлиското Царство се соочило со зголемена опасност на Балканот. По избувнувањето на Првата балканска војна во октомври 1912 година, османлиската влада настојувала да го прекине конфликтот со Италија. Со Договорот од Уши, склучен на 18 октомври 1912 година, Османлиското Царство се откажало од своите права врз Триполитанија и Киренаика, кои потоа биле ставени под италијанска власт. Италија истовремено ги задржала Додеканезите.
Поразот во Италијанско-турската војна претставувал прв голем територијален губиток на Османлиското Царство за време на владеењето на Мехмед V. Војната дополнително ја покажала воената слабост на империјата и била проследена со брзо влошување на нејзината положба на Балканот.
Балканските војни
мини|лево|Султанот Решад V заедно со својата придружба. Битола, јуни 1911. Фотографија од браќа Манаки (оштетена плоча)Улогата на Мехмед V во Балканските војни од 1912–1913 година била речиси целосно симболична и пасивна. Како уставен монарх без реална политичка или воена власт, тој не учествувал во донесувањето на стратешки одлуки, кои биле во рацете на Комитетот за единство и прогрес и на военото раководство. Неговата најзначајна поврзаност со регионот пред војните била императорската турнеја низ Тракија и Македонија во јуни 1911 година, организирана по совет на Младотурците. Султанот отпатувал од Истанбул на борбениот брод Барбарос Хајретин, ги посетил Солун, Битола, Лерин, Скопје и Приштина, каде што присуствувал на петочната молитва кај гробот на султанот Мурат I. Целта на патувањето била да се зацврсти лојалноста на албанското муслиманско население и да се промовира идејата за единство на народите во империјата. Турнејата била последната посета на отомански султан на европските провинции пред нивното губење. лево|мини|Османлиите го предаваат Солун Кога на 8 октомври 1912 година Црна Гора ѝ објавила војна на Отоманската Империја, а набрзо се приклучиле Србија, Бугарија и Грција, Мехмед V останал во престолнината и ја извршувал само формалната функција на државен поглавар. Воените операции ги воделе генералштабот и министрите. Отоманската војска претрпела низа порази: во Тракија, во Македонија (вклучувајќи ги битките кај Куманово и Битола) и на југ, каде што Солун бил предаден на грчките сили. Бугарската армија стигнала до линијата Чаталџа, во непосредна близина на Истанбул, но главниот град не бил освоен. Војната завршила со Лондонскиот договор од 30 мај 1913 година, со кој империјата ги изгубила речиси сите европски територии освен тесен појас во Источна Тракија.
Во Втората балканска војна, која избувнала во јуни 1913 година поради споровите меѓу поранешните сојузници, Отоманската Империја ја искористила приликата и под команда на Енвер Паша повторно го зазела Едирне. Мехмед V и тука немал директна командна улога. Со Цариградскиот договор од септември 1913 година империјата го задржала Едирне и дел од Источна Тракија, што претставувало само делумна компензација за претходните загуби.
Катастрофалните територијални загуби предизвикале масовен бегалски бран на муслиманско население и длабок политички потрес, кој придонел за државниот удар од јануари 1913 година и целосна доминација на Трите паши. Мехмед V останал на престолот како симбол на државата и калиф, но неговата веќе ограничена улога уште повеќе се намалила. Тој не бил стратег ниту активен учесник во водењето на војните; неговата функција се сведувала на обезбедување формален легитимитет на одлуките што ги носеле другите.
Првата светска војна и Арапското востание мини|Султан Мехмед V, Енвер-паша, големиот везир Талат-паша и идниот султан Мехмед VI како гостин го пречекуваат Вилхелм II во Константинопол за време на Првата светска војна. Единственото политичко дело од значење на Мехмед V била формалната објава на џихад против Антантата во ноември 1914. Ова била последната вистинска објава на џихад во историјата, бидејќи Калифатот постоел до 1924. Објавата немала некаков приметлив ефект врз војната, и покрај фактот што во отоманските територии живееле многу муслимани.
Во 1916 година избувнало Арапското востание против османлиската власт. Шарифот на Мека, Хусеин ибн Али, прогласил востание и, со поддршка од Велика Британија, започнал борба против Османлиското Царство. Османлиската власт во Мека била соборена во 1916 година, а востанието постепено се проширило и во други делови на Хеџаз. Медина, меѓутоа, останала под османлиска контрола и била под опсада до почетокот на 1919 година. Османлискиот гарнизон во Медина, предводен од Фахри-паша, продолжил со отпор и по потпишувањето на Мудроското примирје во октомври 1918 година.
Мехмед V бил домаќин на кајзерот Вилхелм II, неговиот сојузник, во Истанбул на 15 октомври 1917.
Смрт Починал на 3 јули 1918 на возраст од 73 години. Тој го провел речиси целиот свој живот во Долмабахче сарајот и Јилдиз сарајот во Истанбул. Гробот му се наоѓа во историскиот дел на Истанбул, Ејуп. Имал два сина: принц Мехмед Зијаедин (1873-1938) и принц Омер Хилми (1888-1935).
Слики Неговата посета на Македонија во 1911 год. е овековечена во два кратки документарни филма од браќата Манаки: Турскиот султан Мехмед V Решад во посета на Битола, Турскиот султан Мехмед V Решад во посета на Солун
Наводи
Категорија:Отомански султани од 20 век Категорија:Отомански Турци Категорија:Починати во Истанбул