мини|Буриња (најчесто 9-галон буриња наречени фиркинс) надвор од Замокот Рок во Нотингем, Англија Занаетчиско пиво () — пиво кое се произведува во мали количини (или понекогаш произведно од коренот на дрвото), обично се многу помали отколку големи корпоративни пиварите, и се во независна сопственост. Како пивари кои произведуваат такво пиво, тие генерално се одликуваат со својот акцент на квалитет, вкус и техника на производство. Историјат Крафтинг движењето, или производството на занаетчиски пива започнало во Велика Британија во 1970 година, иако традиционалните рачно изработени пива, постоеле во Европа со векови и потоа се прошириле на другите земји. Како движењето растело, така и некои пивари го прошириле своето производство и дистрибуција, и се појавиле повеќе концепти за производство на крафт пивото.Ваквите пива најмногу се продаваат во занаетчиски пивници или пабови. Овие пива не можат да се најдат во продажба зашто се во мали количества, и некои претставуваат ексклузивна можност да се пробаат овие дела на големите мајстори на одредени настани или фестивали.
Домашни пива во Македонија Производството на занаетчиско пиво во Македонија, зема сè поголем замав во втората деценија на XXI век започнувајќи со производството на занаетчиско пиво на пивница „Темов“, како и на поголем број на приватни лица кои со знаења и искуство од странство и интернет и обезбедување на состојки од домашно потекло успешно во домашни услови произведуваат различни видови на пиво. Прв салон на занаетчиските (домашни) пива во Македонија се одржал на 3 март 2018 година, каде 12 производители на пиво во домашни услови (кујна, гаража) од Скопје, Битола, Велес, Куманово и Грција ги претставиле своите пива пред стотици присутни.
Галерија
Поврзано Пиво Точено пиво Наводи
Категорија:Пиварство Категорија:Пиво