Спомен-куќа на Страшо Пинџур — спомен-куќа во селото Ваташа, роден дом на народниот херој Страшо Пинџур. Оваа спомен-куќа е прогласена за споменик на културата и е заштитена со закон.

Историја

Куќата станала музеј во 1958 година, а во 1976 година е целосно обновена и за време на Денот на ослободувањето на градот Кавадарци (7 септември), свечено е пуштена во употреба како меморијален спомен-музеј, во која е сместена и историска поставка за животот и делото на Страшо Пинџур.

Со финансиски средства на Општина Кавадарци и на Министерството за култура, спомен-куќата во текот на 2014 година била целосно обновена, при тоа почитувајќи го автентичниот изглед на истата. Проектот за обнова на куќата бил изготвен од архитектката Гордана Белевска-Мустафа.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Страшо Пинџур Категорија:Ваташа Страшо Пинџур