Управата за јавни приходи или УЈП е државна установа во Македонија надлежна за прибирање на јавните приходи и за даночна контрола. Во надлежност на УЈП е и надзорот над примената на Законот за спречување на перење пари и други приноси од казниво дело и финансирање на тероризам.
Организација Управата за јавни приходи функционира во состав на Министерството за финансии, со својство на правно лице. Таа дејствува прекуследниве организациски единици:Официјално мрежно место на УЈП (пристапено на 10.10.2017) Генерална дирекција Скопје; Дирекција за големи даночни обврзници; Регионални дирекции (6) - сместени во Скопје, Битола, Прилеп, Штип, Струмица и Тетово; Даночни одделенија (17) - сместени во Охрид, Струга, Ресен, Кавадарци, Велес, Неготино, Куманово, Крива Паланка, Кочани, Виница, Свети Николе, Берово, Гевгелија, Радовиш, Гостивар, Кичево и Дебар; Даночни шалтери (7) - сместени во Демир Хисар, Македонски Брод, Крушево, Кратово, Делчево, Пробиштип и Валандово; Мобилни даночни шалтери кои ги опслужуваат останатите општини каде не постои финансиско оправдување за нивно постојано лоцирање.
Наводи
Категорија:Државни установи во Република Македонија