Овен — кована пара за колекционерски цели издадена од страна на Народната банка на Република Македонија во 2018 година.
Опис Лице На лицето, во средишниот дел на монетата се прикажани четири атласа кои го држат небото и круг со симболите на сите хороскопски знаци. На вметнато кобалтно стакленце е претставена слика на северното небо со ѕвездата Северница во средината, опкружена со соѕвездието Овен. Во долниот дел е претставен цртеж на Сончевиот Систем. Во позадината е прикажан дел од картата на небото. Во долниот дел од лицето на парата е прикажан Грбот на Република Македонија и годината на издавање на монетата - „2018“. Исто така, прикажани се и натписите на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“.
Опачина Во горниот дел од опачината е претставена слика на овен од ѕвездениот атлас „Firmamentum Sobiescianum“, создаден од страна на Јоханес Хевелиј на крајот од 17 век. Сликата на овенот и неговото соѕвездие се претставени и на вметнато кобалтно стакленце. Во горниот дел исто така е претставен симболот на хороскопскиот знак Овен. Во долниот дел е претставена глава на златен овен на позадина од цртеж на кој е претставен Сончевиот Систем. На левата страна се прикажани латинското име на хороскопскиот знак – „ARIES“ и ознаката „Ag925“.
Поврзано Овен (соѕвездие) Овен (хороскопски знак)
Наводи
Надворешни врски Кована пара за колекционерски цели: „Овен“ — НБРМ
Категорија:Ковани пари за колекционерски цели на НБРМ