Скот Сендер Шепард (, р. ) — американски астроном, откривач на голем број месечини, комети и мали планети во надворешниот Сончев Систем.
Шепард е астроном во Одделението за земски магнетизам при Научниот Карнегиев институт во Вашингтон. Додипломските студии ги завршил на колеџот „Оберлин“ на Институтот за астрономија при Хавајскиот универзитет, каде веќе открил поголем број мали месечини на Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун. Исто така го открил и првиот следечи Нептунов тројанец, и првиот именуван водечки тројанец на таа планета, наречен 385571 Отрера. Овие откритија покажале дека Нептуновите тројанци патуваат по високонаклонети орбити и затоа веројатно потфатиле мали тела од другите делови на Сончевиот Систем.
Астероидот 17898 Скотшепард од главниот појас откриен во 1999 г. е наречена во негова чест.
Откритија
+ Откриени мали планети: 16 15 февруари 1999 9 декември 2001 9 декември 2001 11 декември 2001 9 декември 2001 2 април 2000 9 декември 2001 341520 Морс–Сомнус 14 октомври 2007 385571 Отрера 16 октомври 2004 8 октомври 2005 10 декември 2001 9 декември 2001 13 март 2010 21 април 2010 17 март 2013 31 март 2000 со Џ. Лу со Д. Џуит со Ч. Трухиљо со Ј. Клејна со А. Удалски со М. Кубјак со Р. Полески
Шепард бил водечкиот откривач на објектот со најдалечната позната орбита во Сончевииот систем (со прекар „Бајден“). Во 2014 г. сличноста на орбитата на 2012 VP113 со другите крајни објекти од Кајперовиот Појас ги поттикнало Шепард и Трухиљо да го предлоаат постоењето на непозната планета со суперземска маса (2-15 Земјини маси) во надворешноста на Сончевиот Систем, на далечина од 200 до 1.500 ае која ги води овие помали тела во слични орбити. Крајните заднептунци и , објавени во 2016 г. чиј сооткривач е Шепард, понатаму покажуваат веројатно присуство на масивна планета по неколку стотини астрономски единици во нашиот Сончев Систем.
Учествувал во откривањето на голем број мали тела во Сончевиот Систем како заднептунци, кентаури, комети и околуземски објекти.
Открил тела кои се водат како можни џуџести планети, и тоа , , , , и .
Шепард е сооткривач на планетоидна месечина која кружи околу заднептунецот 341520 Морс-Сомнус.
По него и колегите се наречени две комети: Шепард-Трухиљо (C/2014 F3) и Шепард-Толен (C/2015 T5).
Работел на откривање на низа неправилни месечини на поважните планети:
Јупитер Ги открил следниве Јупитерови месечини:
Темисто (2000) Харпалика (2000) Праксидика (2000) Халдена (месечина) (2000) Изоноја (2000) Еринома (2000) Тајгета (2000) Калика (2000) Мегаклита (2000) Јокаста (2000) Дија (2000) Евпорија (2001) Ортозија (2001) Еванта (2001) Тиона (2001) Хермипа (2001) Паситеја (2001) Етна (2001) Евридома (2001) Автоноја (2001) Спонда (2001) Кала (2001) Арха (2002) Евкелада (2003) Хелика (2003) Аеда (2003) Хегемона (2003) Калихора (2003) Килена (2003) Мнема (2003) Телксиноја (2003) Карпо (2003) Кора (2003) Херса (2003) S/2003 J 2 (2003) Ефимија (2003) S/2003 J 4 (2003) Јупитер LVII (2003) S/2003 J 9 (2003) S/2003 J 10 (2003) S/2003 J 12 (2003) Јупитер LVIII (2003) S/2003 J 16 (2003) Јупитер LV (2003) S/2003 J 19 (2003) S/2003 J 23 (2003) S/2011 J 1 (2011) Јупитер LVI (2011) Јупитер LIV (2016) Јупитер LIX (2017)
Сатурн Ги открил следниве Сатурнови месечини:
Нарви (2003) Форнјот (2004) Фарбаути (2004) Егир (2004) Бевин (2004) Хати (2004) Бергелмир (2004) Фенрир (2004) Бестла (2004) Хирокин (2004) Кари (2004) S/2004 S 7 (2004) S/2004 S 12 (2004) S/2004 S 13 (2004) S/2004 S 17 (2004) Логи (2006) Сурт (2006) Скол (2006) Грејп (2006) Јарнсакса (2006) S/2006 S 1 (2006) S/2006 S 3 (2006) Таркек (2007) S/2007 S 2 (2007) S/2007 S 3 (2007)
Уран Ги открил следниве Уранови месечини: Маргарита (2003) Фердинанд (2003)
Нептун Ги открил следниве Нептунови месечини: Псамата (2003)
Наводи
Надворешни врски Страница на Скот Шепард при Научниот Карнегиев институт
Категорија:Американски астрономи Категорија:Планетолози Категорија:Откривачи на месечини Категорија:Откривачи на заднептунци Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1977 година