Кемал Сејфула (Скопје, - Скопје, ) — југословенски македонски политичар, Турчин по народност, учесник во НОБ. Носител е на Партизанска споменица 1941.
Животопис
Пред Втората светска војна Сејфула бил чибукчија. Бил член на Урсовите синдикати, на Друштвото „Јард’н“, на СКОЈ (од 1939) и на КПЈ (од мај 1941)Kemal Sejfula “Muslimanska partijska ćelija u Skoplju 1941.” во “Ustanak naroda Jugoslavije”, Beograd, 1963, II tom, 660-661 str. и организатор на турските и албанските средини од Скопје во НОБ. Од крајот на октомври 1941 година бил борец на Првиот скопски партизански одред.Кемал Сејфула „Учеството на народностите и етничките групи во Скопје во НОВ 1941-1942“ во „Скопје во НОВ 1942“, Скопје, 1975, 143 стр. Извесно време бил интерниран во Бугарија (во 1942) и илегалец, а потоа борец на обновениот Втор скопски партизански одред (1942). Бил член на ПК на СКОЈ (1943) и на Главниот одбор на НОМСМ, член на Политичкото одделение на Првата македонско-косовска бригада, младински раководител на Втората македонска бригада (1944). Во август 1944 година е делегат на Првото заседание на АСНОМ.Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, 1347-1348 стр.
По војната Сејфула ја завршил Вишата политичка школа „Ѓуро Ѓаковиќ“ во Белград. Врши повеќе функции. Во 1945 година бил судија во Врховниот суд на Македонија. Во Владата на Македонија од 1951 година е министер за локални работи и локална индустрија, член е и на следната влада (извршен совет) од февруари 1953 година. Во периодот 1951-1954 година бил и градоначалник на Скопје. Бил и претседател на Занаетчиската комора на НР Македонија.
Во 1953 година, кога Милован Ѓилас излегува со свои предлози за демократизација на југословенскиот комунистички поредок, Сејфула во рамките на Македонија најмногу застанува зад неговите ставови. Сепак, по осудата на Ѓилас, Сејфула ретерира од поддршката на Ѓиласовите ставови.
Сејфула повторно се враќа во Извршниот совет во 1963 година, како негов потпретседател. На истата функција е и во следниот Извршен совет од 1965 година. Во април 1967 година е избран за пратеник во Собранието на СРМ.„Службен весник на СРМ, 18/67,6 стр. Потоа бил амбасадор на СФРЈ во Замбија од 1970 до 1974 а од Лусака ја покривал и Боцвана„СЛУЖБЕН ЛИСТ НА СФРЈ“, бр Број 47, Страна 1178 Четврток, 29 октомври 1970.
Автор е на книгите „Сојузот на комунистите на Југославија и националните малцинства“ (1959), „Националните малцинства во СР Македонија“ (1965) и “Ullusalik sorunu” (1972, на турски јазик).
Наводи
Категорија:Македонски партизани Категорија:Дејци на КПМ Категорија:Македонски Турци Категорија:Делегати на Првото заседание на АСНОМ Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Македонски амбасадори Категорија:Градоначалници на Град Скопје Категорија:Носители на Партизанска споменица од 1941 Категорија:Починати во Скопје Категорија:Делегати на Второто заседание на АСНОМ