Прва македонска артилериска бригада — бригада на НОБ во Македонија. Таа е една од неколкуте артилериски бригади кои оперирале на територијата на Македонија за време на НОВ.д-р Марјан Димитријевски „Македонската војска 1944-1945“, Скопје, ИНИ, 1999 г., стр. ​151-52

Историјат Бригадата бил формирана на 16 декември 1944 година во артилериската база бр. 8 во касарната на Скопското кале. Таа била составена од битолската, скопската, струмичката и кумановската артилериска бригада. Бригадата била стационирана во касарната на Скопското кале, во Артилериската база бр. 8. Првиот артилериски дивизион на бригадата учествувал на божиќните демонстрации и поради тоа тој бил разоружан со наредба на ГШ и неговите борци биле распоредени во други бригади. Вториот дивизион бил обучен од македонски и руски стручни лица, имало прилив на нови борци и биле создадени две артилериски бригади: прва и втора. Со наредба на Тито на 20 февруари, тие биле испратени на Сремскиот фронт, каде пристигнале на 2 март 1945.

Команда Команданти на бригадата биле: Александар Минчев - назначен на 16 декември Иван Штериев - назначен кон средината на декември па сè до 7 јануари 1945

Политички комесари на бригадата биле Борис Петковски Симеонов и Петар Лаковиќ, а нивни заменици биле Боро Арсовски и Бранко Кузмановски - Гуцман, а како политички комесар на Базата бр. 8 бил Владо Стругар.

Бригадата била составена од Прв артилериски дивизион, Втор артилериски дивизион и еден противавионски дивизион.

Командниот состав на првиот дивизион бил: Александар Минчев - командант, Лазар Никодимовски - политички комесар, Александар Спасовски - заменик политички комесар,

Командниот состав на вториот дивизион бил: Илија Поповски - командант, Андреја Русјаков - командант, Блаже Стефановски - политички комесар, Јордан Ефремов - политички комесар.

Наводи

Поврзано НОВ

Категорија:Бригади на НОВМ