Селма Риза (турски: Selma Riza, 5 февруари 1872 – 5 октомври 1931) била првата турска новинарка. Таа исто така била една од првите романописци на Турција. По нејзината смрт, нејзините роднини го презеле презимето Фераџели (турски: Feraceli) па понекогаш е позната и како Селма Риза Фераџели.
Животопис Таа е родена на 5 февруари 1872. Нејзиниот татко бил Али Риза, дипломат на Отоманското Царство во Австроунгарија, а нејзината мајка се викала Наиле кој била потурчена Австријка.
По нејзиното образование кај приватни учители во Цариград, таа отпатувала за Париз, Франција во 1898 година за да се придружи на нејзиниот постар брат Ахмет Риза, кој бил член на Младотурското, движење.Women's movement page (in Turkish) Таа студирала на Универзитетот Сорбона во Париз, и била член на Комитетот за унија и прогрес (КУП). Селма Риза била единствената жена која активно членувала во оваа партија.
Во Париз, пишувала во два весници објавени од страна на КУП во Париз и тоа во Мечверет на француски и Шурај Химет на турски. Во 1908, Риза се вратила во Истанбул, каде што пишувала во два весници, "Весник за жени" (турски: Hanımlara Mahsus Gazete) и "Женски свет" (турски: Kadınlar Dünyası). Таа воедно била и генерален секретар на Турската црвена полумесечина помеѓу 1908-1913. Во текот на последните години од Отоманското Царство, напорно работела за да ја трансформира палатата Адиле Султан, кралска палата во Истанбул, во женско училиште. Со помош на нејзиниот брат, успеала во намерата и палатата се користела како женска гимназија сè до 1986 година, кога делумно изгорела во пожар.[ Adile sultan palace page (in Turkish)]
Селма Риза починала на 5 октомври 1931 година.[ Writers of turkey page (in Turkish)]
Во 1892, на 20 годишна возраст, напишала еден необјавен роман со наслов "Пријателство" (турски: Uhuvvet). Тоа бил објавен во 1999 година, долго после нејзината смрт, од страна на Министерството за култура на Република Турција.
Наводи
Категорија:Родени во 1872 година Категорија:Починати во 1931 година Категорија:Апсолвенти на Парискиот универзитет Категорија:Турски писатели Категорија:Турски новинари Категорија:Починати во Истанбул